Две малолетни деца се степале вчера попладнето на една плажа на Охридското езеро. Полицијата соопшти дека во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Очевидци на настанот за Охрид 1 потресено раскажуваат што се случувало.
„Две деца почнаа да се расправаат во вода. Ги раздели една жена и на излегување по скали од мостот повисокото дете му удри клоца на помалото. Една жена претпоставувам мајка на тоа што ја удри клоцата за да го укори синот му удри шамар и тоа падна. Во истиот момент братучед на удрениот додека беше паднато детево со патики и јак шут го издиша неколку пати. Страшно беше детето, едвај два пати силно врисна и остана без здив, додека дојде брза помош два пати превртуваше очи и беше неподвижно. Со рака една вработена му го вадеше јазикот да не се удави. Се испотресовме сите. Цело време пред мене стои сликата на детенцето“, раскажува очевидец за Охрид1.