21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби: Едвај чекам да видам како гласачите на Алијанса ќе гласаат за...

Груби: Едвај чекам да видам како гласачите на Алијанса ќе гласаат за Груевски и Мицкоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утре Ахмети официјално ќе претстави 18 кандидати за градоначалници на ДУИ. Заев, пак, денеска изјави дека доколку на локалните избори се случи во втор круг да влезат двајца кандидати од партиите од коалицијата, тогаш нема да им се сугерира на партиските членови за кого да гласаат
Првиот вицепремиер и член на претседателството на ДУИ, Артан Груби, вели дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива за претстојните локални избори е несвојствена и едвај чека да види како гласачите на едните ќе гласаат за другите и обратно.

<

„По социјалните мрежи ја нарекуваат коалиција ’27-ми‘, тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на ‘Скопје 2014’, а не за едно цело Скопје и заедничко и наше. Многу е несвојствено и навистина едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијанса со цело свое срце, со цел тој ентузијазам и љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. И обратно, сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите кои влегоа на 27 април во Собранието, сите тие што го поддржуваа ’Скопје 2014‘ ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата“,

рече Груби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...