10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДесетина живи лица извлечени од запалената болница, медицински персонал нема настрадано?!

Десетина живи лица извлечени од запалената болница, медицински персонал нема настрадано?!

Македонската јавност вечерва е шокирана од веста дека во пожар целосно е уништена модуларната ковид болница во Тетово, при што е потврдено дека засега 10 лица ги загубија животите во трагедијата.

Првиот повик дека има пожар во модуларната болница е добиен е во 21.02 часот во средата, по што противпожарната служба од Општина Тетово за три минути дошла на местото.

Веднаш е започнато со гаснењето и повикани се уште пожарникари. Како што потврдија од тетовската противпожарна бригада, на терен изглегле над 30 пожарникари со 7 противпожарни возила.

Затекнале невиден пламен, а гаснењето траело меѓу 30 и 40 минути.

„Слободен печат“ повикувајќи се на свои добро упатени извори дознава дека меѓу настраданите кои се извлечени од огнот потоа, нема медицински персонал, а од запалената болница се извлечени живи десетина лица.

Министерството за здравство потврди дека досега во пожарот во модуларната болница има 10 жртви, но можно е бројот на жртвите да биде меѓу 10 и 15 лица.

На местото на ужасната трагедија се уште трае увидот, ангажирани се тројца обвинители од Тетово и двајца од скопското јавно обвинителство, а распоредени се и припадници на ЕБР кои ќе го обезбедуваат просторот до обезбедување на сите докази.

Утре Советот на Општина Тетово ќе одржи вондредна седница на која се очекува да биде прогласен и Ден на жалост, а по утврдувањето на бројот на настраданите ќе следува и помош до нивните семејства

Според првичните информации, кои „Слободен печат“ ги доби од терен, не се работи за експлозија на боци на кислород, бидејќи во тој дел нема боци, туку само довод на кислород.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....