13.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКолегите на сега покојната Армина: Срцето ни изгоре, таа сонуваше да стане...

Колегите на сега покојната Армина: Срцето ни изгоре, таа сонуваше да стане лекар, на сите сакаше да им помага..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Немаме зборови, срцата на сите ни се изгорени, нашата Армина Шехаби ја нема повеќе – за „Фокус“ раскажуваат вработени во „Мулири Вјетер“, кафетеријата во Тетово во која повеќе од две години работела младата Армина, која загина во пожарот во тетовската модуларна болница, заедно со нејзината мајка.

<

Велат дека таа имала големи соништа, сакала да биде лекар, секогаш им помагала на луѓето. Ќе ја помнат по нејзината насмевка, позитивната енергија и широката душа, внимателна со сите, добар работник и пријател.

Немаме зборови, срцата на сите ни се изгорени, нашата Армина Шехаби ја нема повеќе – за „Фокус“ раскажуваат вработени во „Мулири Вјетер“, кафетеријата во Тетово во која повеќе од две години работела младата Армина, која загина во пожарот во тетовската модуларна болница, заедно со нејзината мајка.

Велат дека таа имала големи соништа, сакала да биде лекар, секогаш им помагала на луѓето. Ќе ја помнат по нејзината насмевка, позитивната енергија и широката душа, внимателна со сите, добар работник и пријател.

– Advertisements –

-Мајка и на Армина не беше добра, па за да се грижи за неа, таа не доаѓаше на работа овој период. Кога ја слушнавме веста за пожарот, душите ни прегореа. И татко и бил таму, надвор, се обидувал да помогне, да ги спаси, но се случило за три минути, се станало пепел за кратко време. Претешко ни е на сите, замина еден млад живот, требаше за неколку дена да и биде роденден, да полни 29 години… Верена беше, за свадба требаше да се радуваме. И постојано кажуваше дека планира да се запише медицина, тоа и беше желба голема, да помага на луѓето, и ете така, помагајќи и грижејќи се за болната мајка си отиде – со растреперен глас раскажуваат колегите на Армина.

Додаваат дека имала брат, кој останал сам со нивниот татко по трагедијата. И редовни гости во кафетеријата каде таа работела, имаа само убави зборови за неа.

-Со години го пијам кафето таму, добро ја знам, скромна, мила девојка беше. Ова е трагедија која сите длабоко не потресе, скршени ни се срцата – ни изјави Ардит, еден од редовните посетители во локалот каде работела младата девојка од Тетово.

Според деталите кои ги објави ОЈО, покрај 12-те загинати пациенти во болницата, починати се две лица кои не биле хоспитализирани. Една од нив е Армина, а другата жртва била во посета кај својот сопруг.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...