12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Георгиески и Пецаков со Кафе си посакаа фер и демократска кампања..

Градоначалникот Георгиески и Пецаков со Кафе си посакаа фер и демократска кампања..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес во големата сала на Општина Охрид, кандидатите за градоначалници на Општина Охрид потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов на денешното потпишување порачаа дека посакуваат успешна кампања и мирни и фер избори.

<

Кандидатот на коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков порача дека очекува позитивна кампања,достоинствено онака како што Охрид заслужува.

„Тоа што ќе се случува во наредните 21 ден се надевам ќе се позитивни проекти, позитивна кампања и нешто што ќе го направи животот на охриѓани во секаква смисла на зборот ќе преовлада во оваа кампања“ ќе истакне Кирил Пецаков.

Кандидатот од СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина,актуелен градоначалник на Охрид Константин Георгиески ќе истакне:

„Чест и задоволство е што уште еднаш го потпишуваме Кодексот за фер и демократски избори, се надевам дека кампањата ќе помине во најдобар ред, повикувам граѓаните да излезат и да го искористат своето граѓанско право“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...