4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаСуреја Ајташ го чува македонскиот јазик во Кападокија-денешна Турција.

Суреја Ајташ го чува македонскиот јазик во Кападокија-денешна Турција.

spot_img
  1. Суреја Ајташ е претставничка на третата генерација на раселените од Егејска Македонија (денешна Грција), дојдени во Турција, во местото наречено Мустафа Паша, по договорот за размена на населението од 1923 година меѓу Турција и Грција. Таквите големи политички промени ги менуваат судбините на луѓето, па предците на Суреја од Жервени (каде што живееле со векови) доаѓаат во Анадолија, во место од каде што е иселено грчко православно население за да се досели на напуштените огништа на новоосвоените грчки територии, пишува НОВА МАКЕДОНИЈА.

Заветот на Суреја да го одржи и зачува споменот на своите предци од селото Жервени, македонскиот егејски говор и песните од „стариот крај“, не се само празни зборови. Нејзиниот хотел го носи името „Жервени“, а во него има мала музејска поставка на фотографии, носии и сувенири од селото. Како високообразована интелектуалка, активна во општествениот живот во Турција, особено за туристичкиот развој на нејзиното место Мустафа Паша (порано нарекувано Синасос), Суреја Ајташ има напишано и две книги за судбините на луѓето што поради политички договор се откорнале од своите огништа, за да изградат нов живот во туѓа непозната земја. Првата книга ја издала во 2007 година, а е наречена „Бескрајна миграција“, додека втората книга е насловена „Тажното наследство на размената на населението“. Втората книга е издадена на турски и на англиски јазик, а особено симпатичен и ентузијастички е нејзиниот напор македонските песни од Костурско во книгата да бидат забележани со турско латинично писмо, според турскиот правопис. Во книгата е забележано дека 450 луѓе, односно 156 семејства, во 1924 заминале од Жервени, за да се населат во Мустафа Паша, тогашен Синасос.

Прифаќањето на доселениците во новата средина не било лесно, иако според политичката процена, истата религија требало брзо на ги поврзе староседелците и новодојденците. Копнежот за Жервени кај доселениците во Мустафа Паша, во Кападокија, не стивнува со генерации.

Суреја трипати го посетила Жервени, за да го исполни аманетот на нејзините предци, иако таму не ѝ останале никакви роднини. Била во посета и на Македонија, восхитена е од Скопје и од Охрид, а открива дека ѝ е предизвик да научи да чита и да пишува кирилица, што досега немала можност да ја совлада. Дотогаш песните и приказните македонски ќе ги запишува на писмото на кое се образовала, само да го зачува македонскиот збор, говорот на нејзините предци, како што знае и умее. А единствената нејзина желба при секоја случајна или планирана средба со гости од Македонија во Кападокија е тие да ѝ испеат македонска народна песна. По можност да биде од Костурско, но среќна е да слушне која било македонска песна – за да го стивне копнежот на нејзините предци по приказните и песните од старите огништа, кои останале да тлеат во земјата на убавите коњи, каде што се судирале и освојувале големите цивилизации.

Мустафа Паша – гратче со амбиција да биде туристички центар
Мустафа Паша е старо, симпатично, мирно гратче (иако жителите сѐ уште си го сметаат за село), сместено во Кападокија, каде што се населуваат имигрантите што го напуштиле селото Жервени во Егејска Македонија (денешна Грција). Селото гравитира кон градот Урѓуп, оддалечен пет километри од Мустафа Паша, каде што најголемата туристичка атракција се т.н. самовилски оџаци, кои се всушност конусовидни столбови обложени со туф од базалт.

Слични геолошки карактеристики има и Мустафа Паша. Во последните три-четири децении, турската држава и локалното население сфаќаат дека таквите географски и геолошки карактеристики можат да ги искористат како туристичка атракција, па овој регион сега изобилува и се развива во насока на отворање хотелски и сместувачки капацитети, кои наликуваат на модерно уредени пештери. Мустафа Паша порано бил наречен Синасос, пред размената на населението од 1924 г., кога во него живеело турско и грчко население.

Во местото има две неактивни цркви, кои се прогласени за музеи, „Свети Константин и Елена“ и црквата „Свети Никола“. Во црквата „Свети Константин и Елена“, вселенскиот патријарх Вартоломеј барем еднаш годишно настојува да одржи служба. Од 1985 година регионот на Кападокија, односно Невшехир, е под заштита на УНЕСКО. Всушност таа година започнува да се практикува денес најпримамливата и најпрепознатлива туристичка атракција во Кападокија – лет со балон над областа полна со самовилски оџаци.

За повеќе детали ТУКА

Извор: Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...