11.9 C
Ohrid
сабота, април 26, 2025
ПочетнаМакедонијаСоветникот Корлевски за снимката со црната вреќа во Битола: Поднесена е кривична...

Советникот Корлевски за снимката со црната вреќа во Битола: Поднесена е кривична пријава кон ВМРО-ДПМНЕ !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На само неколку дена до гласањето, по се изгледа кандидатот за градоначалник Тони Коњановски и кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ во Битола се деморализирани од ова и чувствувајќи дека го губат теренот?!
Така, Александар Николовски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ денеска од Радовиш одговарајќи на новинарско прашање без факти и докази изнесе серија обвинувања на сметка на битолската СДСМ и кандидатот за градоначалник Христо Кондовски.

<

Инаку, на последната анкета на агенцијата СТРАТУМ РиД за рејтинг на Институции и политички партии, 26.1% од граѓаните кои ќе излезат на гласање се определиле за СДСМ, додека за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 23.8% од анкетираните.

Понатаму, на листата следат ДУИ со 11,64 % , пред АА/А со 11,49% и независните кандидати со 11,2 %.

На прашањето „Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, повторно во водство е советничката листа на СДСМ со 20,1 %, пред ВМРО ДПМНЕ со 18,3 %. Понатаму следат ДУИ со 9 %, Алијнсата за Албанците и Алтернатива со 8,8 % и независните листи со 8,6 %.

Истражувањето е спроведено во во последната недела од септември и првата недела од октомври, со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.

Корлевски за снимката со црната вреќа во Битола:
Денес поднел кривична пријава за неовластено снимање и како можни сторители посочил две лица, наводни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително најави пријави за клевета и против носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, кој ја објави снимката на својот профил на Фејсбук
Советникот во Општина Битола, Борче Корлевски, кој на овие избори повторно е кандидат за советник на СДСМ, поднесе кривична пријава во полиција за снимката од населбата Баир, за која ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тој е „уловен“ како носи црни вреќи во една од куќите, што според партијата, е доказ за изборен поткуп.

Корлевски денеска излезе на прес-конференција на истото место каде што е направена снимката и рече дека тоа била семејна куќа на сестрата на неговата сопруга. Тој вели дека лицето кое го придружува на снимката е неговата сопруга, а не, како што обвини ВМРО-ДПМНЕ, друга кандидатка за советничка во Битола од редовите на СДСМ.

Корлевски поднел кривична пријава за неовластено снимање и како можни сторители посочил две лица, наводни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително најави пријави за клевета и против носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, кој ја објави снимката на својот профил на Фејсбук
Советникот во Општина Битола, Борче Корлевски, кој на овие избори повторно е кандидат за советник на СДСМ, поднесе кривична пријава во полиција за снимката од населбата Баир, за која ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тој е „уловен“ како носи црни вреќи во една од куќите, што според партијата, е доказ за изборен поткуп.

Корлевски денеска излезе на прес-конференција на истото место каде што е направена снимката и рече дека тоа била семејна куќа на сестрата на неговата сопруга. Тој вели дека лицето кое го придружува на снимката е неговата сопруга, а не, како што обвини ВМРО-ДПМНЕ, друга кандидатка за советничка во Битола од редовите на СДСМ.

„Ова почитувани битолчани е семејната куќа на сестрата на мојата сопруга на битолски Баир, каде што живеат и Македонци и Роми и Турци и Албанци. Пред оваа куќа, од каде што синоќа, по завршувањето на партиските обврски, ги носев мојата сопруга, мојот тримесечен син и мојата петгодишна ќерка кон дома, бесрамно беа снимени и клеветени по поралите на ДПМНЕ со наводни црни кеси, полни со пари за наводен поткуп. Покрај мене денес ги нема само моите малолетни деца, сопругата и нејзината сестра со нејзиното малолетно дете и црната кеса, во која, поради дождот кој обилно врнеше беа заштитени зимски намирници за исхрана и детска количка. Толку многу пари што дури и двајца ги кревавме и толку многу пари во визба ги сокривме. Срамота!”,

порача Корлевски.
Корлевски поднел кривична пријава за неовластено снимање, во која како можни сторители посочил две лица, наводни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Освен за тие што ја направиле снимката најави дека ќе поднесе пријави и против дел од интернет-порталите за клевета и ширење лажни информации, како и против носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски, кој ја објави снимката на својот профил на Фејсбук.

„Целиот настан е документиран во битолската полиција и јас со чист образ излегувам пред битолската јавност со вистината. Срамно и жално е да се загуби човечкото достоинство во име на политичките цели. Да се удира по најсветото за сите нас во нашата држава,а тоа е фамилијата и децата. Но, тоа е веќе видена работа од ДПМНЕ во време на 12 годишниот режим“,

вели Корлевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League...

Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League...

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово. Наместо првично планираните 600 метри,...

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар....

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...