27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов вети субвенции за ин-витро оплодyвање

Шилегов вети субвенции за ин-витро оплодyвање

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска одржа онлајн состанок со претставници на Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ на кој се разговараше за потребите и предизвиците на двојките кои се соочуваат со неплодност, при што најави дека во неговата програма за работа за наредните четири години има вклучено и субвенции за млади брачни двојки кои имаат желба за потомство преку ин-витро.
– За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот. Ја поддржуваме храброста и упорноста за посреќни семејства во нашиот град, порача Шилегов на состанокот.
Тој нагласи дека имајќи ги предвид укажувањата од здружението за финансиското оптоварување на двојките кои поминуваат низ БПО (ИВФ) процедурите и заложбите за поддршка на овие корисници и знаејќи ги реалните потреби, нив ги инкорпорирал во неговата програма за претстојните Локални избори.
– Свесен сум и информиран што се вклучува постапката на ИВФ, каков психолошки притисок се предизвикува кај двојките во нивните напори да формираат семејство и затоа се заложувам да ги поддржиме нашите граѓани преку бесплатен четврти обид или покривање на дополнителната терапија која не е дел од поволностите на ФЗО, истакна Шилегов.

<

На состанокот се разговараше и за потребата од отворање на Центар за поддршка на двојките кои поминуваат низ ИВФ постапка преку што ќе се овозможи психолошка поддршка, семејно советување и стручно медицинска поддршка преку стручни лица од секој сегмент на ИВФ.
– Се очекува оваа соработка да продолжи со цел заедно да создадеме полесни услови за нашите сограѓани во реализација на посакуваното родителство. Оваа активност во делот на здравствената заштита е предизвик и за локалната самоуправа бидејќи проблемите на нашите сограѓани се и проблеми на институцијата која најдиректно се поврзува со потребите на жителите. Моја обврска како градоначалник е да се грижам и за здравствените потреби на граѓаните и така ќе продолжам и во иднина, истакна Шилегов, кој е кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од СДСМ.
Од Здружението изразиле благодарност до градоначалникот за отворениот пристап и слухот за потребите на пациентите кои поминуваат низ ИВФ, додавајќи дека очекуваат нивните барања да бидат реализирани.
– Нашите заложби за ИВФ поволности и проширување на субвенциите за ИВФ конечно некој ги слушна. Разговаравме за што побрза реализација на нашите барања, финансиските поволности и отворање на центар за поддршка. Ова е многу важно за посреќни семејства и нови родители. Да се има можност секој пар и поединец да се оствари како родител по полесен и финансиски достапен пат. Од прашањето за наталитетот не смее да се бега, не смее да им се затвора вратата на луѓето кои имаат желба да станат родители. Сметаме дека треба да се изнајде решение за нас пациентите кој сме со ин-витро. Да ни се помогне и олесни патот кој го чекориме, патот до единствената наша цел: Да се оствариме и бидеме родители, изјави Зоја Самандова Петрушева, претседателка и основач на Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување „До бебе по патот на ИВФ“ од Скопје

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...