9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Џабе им се фалби кога фрижидерите ни се празни

Мицкоски: Џабе им се фалби кога фрижидерите ни се празни

spot_imgspot_img

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на митинг во Македонска Каменица, ја обвини власта за хипокризија, посочувајќи дека, додека една клика се богати, џебовите на народот се празнат
Инфлацијата го јаде семеејниот буџет, додека џебовите на обичниот народ се празнат, џебовите на власта, на таа тесна клика која се добрала до власт, постојано се полнат, рече Мицкоски, на денешниот митинг во Македонска Каменица.

Тој посебно се осврна на флаер што го испечатиле социјалдемократите, а на кој пишувало „НАТО, попис – честитки народе“, демек, како што рече, завршена работа.

„Сакам да ви пренесам една порака која ја видов вчера на социјалните мрежи, а која крие во себе длабока вистина, која најдобро ја отсликува хипокризијата на моменталната пропаганда на власта, за тоа колку отсутно делува нивното фалење по медиумите за работите кои не се решение за проблемите на граѓаните. Испечатиле СДСМ некаков флаер со пораки НАТО, попис… Ама досетливиот народ ја раскажал голата вистина на социјалните мрежи, па таа порака, чија намена е да се пофалат, ја гледаме фотографирана во фрижидер, арно ама фрижидерот празен. И морам да кажам убав флаер, ама какво фајде од такви фалби ако фрижидерот е празен. Не го говорам ова за да релативизирам тоа што сме членка на НАТО, но тоа што фрижидерите на народот им се празни е главната болка која сите нас не тишти“,

рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...