15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаКандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево: Се вљубив во Албанка, ни...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево: Се вљубив во Албанка, ни предвидуваа несреќен крај, а ние сме во брак и имаме 3 деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Александар Јовановски (45) е доктор по општа медицина, вработен во сопствена приватна здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево, која го носи името на неговата покојна мајка. Сопруг е на Линдита Лимани Јовановска (35) магистер, професор по англиски јазик во О.С.У: Дрита. Татко е на три деца Јана (6) Живко (4) и две и пол месечната Дафина. Д-р Јовановски е кандидат за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.

<

Вели дека не се откажува лесно од замислената цел. Упорноста како една од неговите најистакнати карактерни особини, била пресудна да се бори за љубовта на својата сопруга која е Албанка и да ги победи предрасудите во малата средина. Својот свет го опишува како „Македонија во мало“. Сопругот на едната сестра на сопругата е Албанец, а на другата Турчин. Заедно во хармонична и весела атмосфера ги слават големите христијански и муслимански празници.
* Равнотежата помеѓу работата и приватниот живот е голем предизвик во 21 век. Работното време изгледа се подолго, а слободното време се пократко. Како вие се соочувате со овој предизвик, да бидете успешни, без да го занемарите приватниот живот?

– Бидејќи моите родители се починати и немаме помош во одгледувањето на децата,се трудам веднаш после работа да си дојдам дома и да и помогнам на сопругата околу децата, за да може да си ги заврши секојдневните обврски. Социјалниот живот ми е сведен на минимум, но затоа пак уживам во друштво на дечињата и сопругата.

Децата ги учам да се чесни и да ги почитуваат сите култури..

* Каде се запознавте со вашата сопруга. Беше ли тоа љубов на прв поглед?

– Со сопругата се запознав во О.С.У. Мирко Милески-гимназија, во која предавав медицински предмети неколку години, а сопругата беше професор по англиски јазик. Првиот пат кога ја видов ми личеше на пеперутка, бидејќи лесно и грациозно се движеше и се однесуваше. Мислам дека беше љубов на прв поглед. Но, со оглед на предрасудите кои владеат во нашето општество, особено во нашиот мал град, ми требаше подолго време да ја освојам и убедам дека сме створени за заеднички живот.

* Вашата сопруга е Албанка. Се соочивте ли со отпор и од страна на нејзиното семејство или вашето, на почетокот од врската?

– Секако дека имаше отпор. Морам да признам дека моето потесно семејство максимално ме поддржуваше. Но, околината, особено оние попатријахално воспитани, не осудуваа и ни предвидуваа несреќен крај.За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...