5.7 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниците од ВМРО да соберат 20.000 евра за семејствата на осудените за...

Градоначалниците од ВМРО да соберат 20.000 евра за семејствата на осудените за нападот во Собранието, бараат од дијаспората

spot_img

Претседателот на Светски Македонски конгрес – Канада, Боби Темелков, упати јавен повик до новоизбраните градоначалници од опозицијата, со кој ги повикува до нова година да соберат 20.000 евра.

<

Средствата биле планирани да се поделат на семејствата на осудените за нападот во Собранието, а Темелков порача дека очекува градоначалниците да му пишат во порака и да го известат дали го прифаќаат предизвикот.

Македонци од светот до нова година ќе соберат најмалку 20.000 евра за фамилиите на уставобранителите, или сам ќе ги исплатам! Ги поканувам сите новоизбрани градоначалници и општини од опозицијата, кои убедливо победија на овие локални избори, да соберат уште толку колку што ние од дијаспората ќе собереме, и ќе ги подариме на семејствата на уставобранителите. Или да најдат начин уставобранителите да се бранат од слобода! –апелира велешанецот кој околу две децении живее во Канада.

И во изминатите две години, тој организираше донациски акции за семејствата на осудените. Пред три години пак, беше дел од организацијата на коктел на кој се донираа средства за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот за промена на името, и биле собрани дури 145.000 канадски долари. Тогаш информираа дека средствата им биле потребни на организациите за логистика, јавни настапи и протести.

Исто така, Темелков беше иницијатор и еден од организаторите на протестите кои се одржаа пролетта, а на кои се бараше слобода за осудените за нападот.

Вики Клинчарова извор Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Роби Телекабел донираше 1.000.000 денари за немилиот настан во Кочани.

Не поднослива е болката и тагата за загубата која се случи во Кочани. Изгубивме пријатели, колеги, изгубивме животи што требаше да бидат силата на нашиот...

Градоначалникот на Кочани засега не е осомничен, по распитот пуштен е да си оди дома.

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот...

Kрис Павловски донираше еден милион денари за настраданите од пожарот во Кочани.

Канаѓанецот со македонско потекло, Kрис Павловски, основач и извршен директор на „Рамбл“ и член на Управниот одбор на Македонија2025, објави на социјалните мрежи дека...

Претажно видео: Посебно место на гробиштата во Кочани за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Гробиштата во Кочани се прошируваат поради големиот број починати во пожарот од дискотеката „Пулс”. Жртвите ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта. „Ројтерс“ објави...