27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаИстепани тројца полицајци во полициската станица Кисела Вода.

Истепани тројца полицајци во полициската станица Кисела Вода.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопското Основно јавно обвинителство поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

<

Како што информираат од МВР, утринава, странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир.

Додека влегувал во ходникот на станицата, почнал агресивно да се однесува и да удира со рацете и нозете по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со агресијата, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со тупаница во лицето нанесувајќи му телесни повреди.

Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив почнал да ги удира со тупаници нанесувајќи им повреди.

По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на насилникот во текот на постапката, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...