2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАхмети не се откажува да имаат премиер Албанец 100 дена?!

Ахмети не се откажува да имаат премиер Албанец 100 дена?!

spot_imgspot_img

По оценките дека со оставката на премиерот Зоран заев може да отпадне договорот на ДУИ за „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“, лидерот на партијата Али Ахмети во изјава за „Слободен печат“ вели дека овие тврдења се дневна политика и дека договорите не се прават за нивно укинување по моментални желби.

– Ова не држи. Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука, според мое мислење на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив , туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневна политика отколку суштинска, изјави Ахмети.

Тој вели дека приоритет за земјава е отворање на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ), решавање на спорот со Бугарија, зајакнување на политичката стабилност на земјата и реализација на проекти од областа на инвестициите во економијата, како што е Коридорот 8 и други крупни капитални проекти, но и разговорите што почнаа меѓу трите земји за 8-ми железнички коридор Македонија-Бугарија-Албанија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...