13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКсами: Сите што земаат плата од општината а не доаѓаат на работа,...

Ксами: Сите што земаат плата од општината а не доаѓаат на работа, да дојдат по своите откази !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на Беса, Биљал Касами ја превзема градоначалничката функција во тетово од Теута Арифи, кадар на ДУИ, по победата во вториот круг од локалните избори.

<

Откако го потпишаа и документот за примопредавање на функцијата и се ракуваа, новиот тетовски градоначалник по добивањето на уверението од Општинската изборна комисија, почна да го користи и градоначалничкиот кабинет.

-Со нашата победа се врати надеж за достоинствен живот во Тетово – градот на историјата, културата и знаењето и традицијата. Свесни сме дека од денеска мене и мојот тим ме чека многу тешка и напорна работа, но со професионалниот и моралниот капацитет што го имаме без трошка сомнеж ќе успееме. Од овој момент ќе започне скенирање на актуелните состојби во општина Тетово и веднаш согласно законските одредби ќе ангажираме специјалисти надвор од институцијата за целосна ревизија, изјави Касами.

Касами рече дека оние кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати од општината, ќе ги повикува сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места.

– Се надевам до крајот на неделата дека ќе имаме стодневен акциски план кој ќе го објавиме во јавноста. Од утре сме на терен и ќе реализираме ветено во кампањата, рече Касами.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...