13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаUncategorized @mkМакедонска компанија создаде уред за мерење шеќер во крвта

Македонска компанија создаде уред за мерење шеќер во крвта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската компанија Innovation создаде безжичен уред ECG Alert со кој освен што ја следи работата на срцето, го мери и нивото на шеќер во крвта. Првиот човек на компанијата, проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ од вчера е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот.

<

Македонската компанија Innovation создаде безжичен уред ECG Alert со кој освен што ја следи работата на срцето, го мери и нивото на шеќер во крвта. Иновацијата е единствена од овој тип во светот, а веќе е заштитена преку два патенти поднесени до Светската организација за заштита на интелектуална сопственост WIPO. Иновацијата е публикувана и во повеќе научни списанија.

Според првиот човек на компанијата Innovation проф. д-р Марјан Гушев, создале медицинско средство – уред кој мери ниво на гликоза во крвта со безжичен ЕКГ сензор. Тој открива дека понудиле два проекти до Фондот за иновација, едниот е ЕКГ алерт, а вториот е Глуко. И двата се наменети за широка популација. Првиот опфаќа правење програма со која се набљудува работата на срцето преку снимање на ЕКГ со еден мал безжичен сензор. Уредот тежи 20 г. и се лепи на телото и се носи 24 ч. на ден, секој ден неделата. Нашата програма всушност ги снима податоците од овој сензор и ги пренесува на смарт телефон, потоа на нашиот сервер и докторот во кое било време, од која било локација ако има пристап до интернет ќе може да види што се случува во реално време со пациентот, открива Гушев за Приказна.

Според Гушев, во светски размери ова е комплетен новитет. Досега имаше само една статија со слична содржина , а ние сме првите во светот кои направиле прототип на продукт со кој се одредува дали организмот добро го регулира дијабетесот, односно нивото на гликоза. Првиот продукт кој го развивме за ЕКГ, го сертифициравме како медицинско средство, вели Гушев.

На многумина можеби ќе им биде нејасно како софтвер може да се сертифицира како медицинско средство, но ние го поминавме патот и по 2,5 години добивме сертификат. Тоа значи дека нотифицирачко тело од ЕУ ги провери десетиците стандарди. Овој продукт ги поседува техничките перформанси, нема да му наштети на човекот, односно го обезбедува здравјето на човекот, открива Марјан Гушев.

Вториот продукт ни е во прототип. Сега бараме инвеститори, за да можеме да изведеме демонстрација со голем број луѓе, односно предвидуваме најмалку 1000 луѓе да бидат скенирани со два системи. Целта ни е и да откриеме дали двата системи, нашиот и тој другиот систем кој одредува ниво на гликоза, се еквивалентни и даваат еднакви резултати.

Проф. д-р Марјан Гушев од ФИНКИ е добитник на новата награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје – плакета за пособен придонес во развојот на научно-истражувачката дејност на Универзитетот. Наградата му е врачена вчера, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој, како признание за објавени најголем број научни публикации индексирани во базата на „Web of Science” во изминатата деценија (2011-2020) и придонес за афирмација на Универзитетот во земјата и странство. Во 2012 година проф. д-р Марјан Гушев беше добитник на наградата за најдобар научник.

Извор: Приказна.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...