11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски: Нека е честит денот на ослободувањето на Скопје.

Груевски: Нека е честит денот на ослободувањето на Скопје.

spot_imgspot_img

Ослободувањето на Скопје од фашистичката окупација е воен триумф на македонските партизани во Народно-ослободителната борба.

Тој триумф имал и своја цена, а тоа се 426 борци-жртви во акциите, не сметајки ги цивилите на 12. и 13. Ноември, но и ден подоцна на 14. Ноември, кога Скопје е веќе ослободено, но сè уште се вршат последните масовни акции за чистење на теренот од фашистичките оупатори во различни делови на градот.

Ослободувањето на Скопје е сложена и обемна операција со висок ризик на голем број партизански дивизии и батаљони кои координирано, главно пешадиски, по опколувањето на градот во координиран напад, во улични битки и престрелки го истиснуваат окупаторот.

Тоа е во време кога веќе на 5.Септември 1944 година во Бугарија настана превратот и фашистичката власт е заменета со комунистичка.
По краткото повлекување на бугарската војска на 5. Септември, новата власт повторно пратила војска, овој пат со цел да помогнат во ослободувањето од фашистите, а последните бедеми на одбранста на окупаторот се германските војници и балистите.

Сите ние кои не сме современици на тоа време, се запознаваме од настаните од оставените записи и сведоштва. Тие говорат дека пред ослободувањето на Скопје, се случиле ослободувањата на Штип и Велес каде бугарската војска не земала активно учество и била стационирана во непосредна близина.

Бројни херои-учесници во ослободувањеро на Скопје во своите Спомени сведочат за тоа време.
Командантот на партизанските единици, генерал Михајло Апостолски за ова сведочи со следните зборови:

“Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот.“

Многу поексплицитен е првоборецот и генерал во НОБ, Боро Чушкар, кој во неговите мемоари и сеќавања ги опишува настаните и говори за манипулацијата на Радио Софија која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека бугарскиот Генерал Стојчев лично го ослободил Скопје:

“Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше – генерал мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.
Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?
Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себе си и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.
Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.
Тогаш јас повторно викнав: „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.
„Сичко ми е јасно“, рече тој.

Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија.“

Скопје и пред и по Втората светска војна имало и ќе има нови предизвици во неговиот развој и секоја генерација треба да се труди да остави што посилен белег во тој развој, како што и јас и моите соработници вложивме големи напори и направивме огромен број дела и активности во тој правец кога бевме на одговорни функции доверени од граѓаните

Нека е честит денот на ослободувањето на Скопје!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...