16.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаМЗ со жалење не информира: Почина 26-годишна родилка

МЗ со жалење не информира: Почина 26-годишна родилка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за здравство со жалење информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА “Мајка Тереза” – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во вакава лоша состојба таа била во предходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош.

<

На увид од извештаите во електронската база „Мој термин“ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката и била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено.

Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот. Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез.

Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез.

Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...