26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците од Германија: Никој не смее да ни забрани да бидеме Македонско...

Македонците од Германија: Никој не смее да ни забрани да бидеме Македонско здружение

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почитувани дами и господа,

<

во името на Централниот совет на Македонците од Берлин, кој ја застапува Македонската заедница во Германија, жестоко реагираме по повод информациите во јавноста дека се оспоруваат називите „Македонија” односно „македонски” при регистрација на здруженија односно компании во Македонија.

Уставот на Македонија и самиот таканаречен „Преспански Договор” не предвидува такви рестрикции. Доколку овие информации се точни, ги повикуваме оштетените да ги преземат сите можни правни мерки во рамките на македонскиот судски систем. Тоа би значело кршење на основните човекови права, истовременo би се кршел Уставот на Македонија и би се излегувалo од рамките на таканаречениот „Преспански Договор”.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Дури и самиот „Преспански Договор” вели дека секое трговско здружение, здружение на граѓани, и други организации кои не се финансирани од државата, може непречено да го користи називот „Македонија” односно „македонски”. Се прашуваме кој е поводот и причината што очигледно некој сака да го спречи користењето на овие називи кои лежат во срцето на секоја Македонка и секој Македонец, дали во матичната држава, така и во дијаспората?

Ја повикуваме македонската влада, наместо да го ограничува користењето на името „Македонија”, да го поддржува слободното изразување на македонските граѓани, и да го поттикнува и понатаму користењето на името „Македонија” бидејќи тоа е нашето вековно наследено историско име. Секое ограничување е неприфатливо и ќе предизвика силни реакции кај македонскиот народ.

Со почит

Роберт Кленкоски, Претседател
Горан Николоски, Заменик претседател
Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...