30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветПолицаец во Америка застрела човек во инвалидска количка со 9 куршуми. (Видео)

Полицаец во Америка застрела човек во инвалидска количка со 9 куршуми. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ричард Ли Ричардс ја возел својата моторизирана инвалидска количка кон влезот на продавницата во Тусон кога полицаец извадил пиштол зад него.
Неколку моменти подоцна, вработен во соседниот Walmart го известил полицаецот дека го видел Ричардс како краде кутија со алат.

<

Вработените и полицаецот Рајан Ремингтон го придружувале Ричардс преку паркингот до друга продавница. Полицијата соопштила дека во еден момент Ричардс замавнал со нож кон вработениот, извикувајќи „еве ти ја сметката“.

Ремингтон го повикал да не влегува во продавницата и се упатил кон Ричардс во друштво на својата партнерка, полицајката Стефани Тејлора потоа испукал девет куршуми во грбот на 61-годишникот од непосредна близина и без предупредување и го убил, пишува Вашингтон пост. .

Началникот на полицијата во Тусон, Крис Магнус, изјавил за новинарите дека полицијата е решена да го отпушти Ремингтон. „Да бидам јасен, бев длабоко вознемирен од постапките на полицаецот Ремингтон. Неговата употреба на смртоносна сила во овој инцидент е очигледно кршење на политиката на овој оддел и е директно контрадикторна со обуката за употреба на сила“, рече тој. .

Градоначалничката на Тусон, Регина Ромеро, го опишала убиството на Ричардс како „бескрупулозен и неодбранлив“ чин и побарала истрага.

Адвокатот на Ремингтон претходно за Асошиетед прес изјавил дека неговиот клиент нема друга опција. „Имаше шокер, но мислеше дека не може да го користи бидејќи беше премногу далеку, а инвалидската количка беше меѓу него и Ричардс“, изјавил Мајк Стори.

Локалните медиуми јавуваат дека Ричардс во 2007 година бил осуден на 10 години затвор за обид за убиство, како и дека во 2019 година се изјаснил за виновен за криумчарење имигранти, за што бил осуден на повеќе од една година затвор.
канал5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...