17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаЗабаваНаум Петрески слави 35 години на естрадата: Со музиката имам направено...

Наум Петрески слави 35 години на естрадата: Со музиката имам направено милиони, ама пријатели !!!

Златното грло Наум Петрески денес слави двоен јубилеј, 35 години на естрадата и 55 роденден.

„Супер се чувствувам“ вели тој и додава дека ова се убави бројки за човек, кому музиката му е во срце и кој живее со песната. Наум вели дека не го плаши староста и дека родендените треба да се множат, а не од бројќите да се плашат. Затоа, во таа чест, вечерва на настап сам си го честиташе роденденот со неговата автобиографска песна „Што ќе ти е бекрија“.

А славењето почна уште утрово, со најубави желби од семејството.
-Супер се чувствувам со две петки. Штом се разбудив сабајле значи добро е. Зошто? Имам другар кој ми рече дека кога човек ќе наполни 50 години и кога наутро ќе се разбуди ако не го боли ништо значи дека умрел. Хахахахах… А јас утрово кога станав со моите 55 години ме болеше вратот, некако лошо сум спиел. Прво го искрцкав вратот, па потоа на ред беа таблетките за притисок, за желудник и шеќер, па пиев кафе со една цигара, бидејќи сега ги оставам цигарите, не пушам многу. Потоа јадев комад со праз, многу убав, ми го направила мајка ми за роденден. Ете така некако утрото славенички тргна. Попладнето тргнав на пеење и еве славам со друштво во кафеана, за да колку толку личи на журките од времето што сме ги правеле кога немаше никакви забрани, вели тој.

Наум не сака да размислува дека доаѓа старост и дека со секој нареден роденден треба да мисли- остаравме. Вели родендените не ги чувствува како старост?

-Ма не. Јас откако сум роден сум подготвен дека еден ден ќе умрам. Па тоа се знае, нема тука филозофија. Е сега кој порано кој подоцна, кому како му е судено. Зошто да се плашам од старост, немам потреба. Само велам да нема тешки болести и залегнување на кревет. Туку да биде брзо. Смртта ама ич не ме плаши, уште помалку староста. Па како да се плашам од старост кога се чувствувам како да имам 18 години? Зеленика сум. За стрелци нема старост.

ИзворММС
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...