26.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаЗабаваЈапонија планира догодина да го лансира првиот дрвен сателит во вселената

Јапонија планира догодина да го лансира првиот дрвен сателит во вселената

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јапонија планира во 2023 година да го лансира првиот дрвен сателит на светот, ако се помине како што треба. Се очекува уште во февруари јапонските астронаути да започнат со проверки. Планот e да се искористи еколошката оправданост и ниската цена на дрвото во вселенскиот развој.

<

 

Надворешниот дел од сателитот би бил направен од дрво, кој би требало да изгори по крајот на неговата работа, односно по повторното влегување во атмосферата на Земјата. Тоа би претставувало помало загадување на животната средина и помал вселенски отпад. А самите трошоци за изработката на сателитот ќе бидат поевтини во споредба со досегашните кои се изработени од алуминиум.

Мисијата ќе ја предводи професорот и астронаут Такао Дои, од Јапонската агенција за истражување на вселената, додека заеднички тим од Универзитетот во Кјото и компанијата „Сумимото форестри“ ќе користи експериментален апарат на Меѓународната вселенска станица за тестирањата.

„Многу сме загрижени поради фактот што кога сателитите повторно влегуваат во земјината атмосфера тие горат и создаваат мали алуминиумски честички кои лебдат во горниот слој од атмосферата долги години“, објаснува Дои за Би-Би-Си.

Сателитите наоѓаат сè почеста примена во секојдевнието. Тие се користат за комуникација, телевизија, навигации и временска прогноза. Моментално околу 6.000 сателити кружат околу Земјата, а околу 60% од нив се нефункционални, односно се сметаат за вселенски отпад. Според, истражувачката компанија „Еуроконсалт“, 990 сателити ќе бидат лансирани секоја година во текот на оваа деценија, што значи дека до 2028 година би можело да има преку 15.000 сателити во орбитата.

Затоа, експертите кои ја проучуваат вселената бараат различни алтернативи за да се намали и отстрани вселенскиот отпад. Тие веќе предупредија на растечката опасност од вселенскиот отпад кој паѓа на Земјата, откако голем број вселенски летала и сателити беа лансирани во вселената изминативе неколку години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...