18.1 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаСветИ тоа се случи: За првпат во историјата вградено срце од свиња...

И тоа се случи: За првпат во историјата вградено срце од свиња на човек

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Американец во терминална фаза на срцева болест, му било вградено генетски модифицирано свинско срце. Ова е прва операција од ваков вид и три дена по операцијата пациентот закрепнува добро, објавија неговите лекари.

<

Операцијата, изведена од тим од Медицинскиот универзитет на Мериленд (САД), имаше за цел да ja покаже изводливоста на трансплантација на свинско срце во човечко тело, овозможена со новите „преуредувања” на гените. Ако ова вградување се покаже успешно, научниците се надеваат дека органите од свиња успешно ќе го надополнат недостатокот на човечки донори.

– Ова е револуционерна операција која нѐ донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно, рече д-р Бартли Грифит.

Тој ја изврши операцијата на вградувањето на срцето од свиња на човек. – Засега сме претпазливи, но оптимисти дека оваа прва ваква операција во светот ќе обезбеди важна нова опција за пациентите во иднина!, додаде д-р Грифит.

За 57-годишниот Дејвид Бенет од Мериленд оваа трансплантација била неговата последна можност за спас.

И други свински органи се тестираат за трансплантација на луѓе, како што се бубрег, црн дроб и бели дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе беа неуспешни поради генетски разлики што предизвикаа отфрлање на органите или поради вируси кои претставуваа опасност од инфекција. Научниците го решија овој проблем со отстранување на можно штетните гени.

Околу 110.000 Американци во мигов чекаат за вградување органи, а повеќе од 6.000 пациенти годишно во САД умираат без да го добијат потребниот орган, покажуваат податоците на интернет-страницата „Органдонор”.

 

Извор: BBC
Фото: University of Maryland Medical Center

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...