20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде...

Ковачевски: Секој работник заслужува еден ден да биде слободен и да биде со своето семејство.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во моето експозе најавив дека уште од првиот ден ќе се зафатам со справување на енергетската криза, пандемијата и животниот стандард на граѓаните, со пензиите и минималната плата“, рече во интервју за Канал 5 Телевизија премиерот Димитар Ковачевски.

<

„Идна недела започнува социјалниот дијалог за износот на минимална плата во државата во кој се вклучени синдикатите и компаниите. Сметам дека во овој процес треба да се востанови соодветна методологија која ќе биде во корелација со продуктивноста на трудот. Притоа сите имаат одговорност – и вработените и менаџерите. Менаџерите треба да ја зголемуваат продуктивноста со воведување нови инструменти, нови технолошки процеси“, рече Ковачевски.

Околу реакциите во врска со Законот за недела неработен ден премиерот Ковачевски истакна дека овој закон е донесен низ инклузивен процес во кој беа вклучени и коморите, и синдикатите и социјални партнери и дека тој го поддржува концептот секој работник да има слободен ден.

„Јас сум на страната на работниците. Сите работници заслужуваат да ја имаат недела како неработен ден кој ќе го поминат со своите деца и семејства. Сепак, имавме предвид дека постојат индустрии кои не можат да затворат во недела и постапки кои не можете да ги затворите во недела како царински постапки или логистички процеси, сѐ беше земено предвид, во тој социјален дијалог”, подвлече Ковачевски.

Ви интервјуто премиерот Ковачевски најави дека ќе има зголемување на пензиите.

„Колку ќе биде тоа, не можам да лицитирам со бројки, бидејќи сакам тие да бидат прецизни. Веќе ги правиме анализите и ќе ги повикаме здруженијата на пензионери и партија на пензионери и заедно со Министерството за финансии и Пензискиот фонд и согласно расположливите буџетските средствата ќе работиме на зголемување на пензиите. Буџетот е комплетно ликвиден, а Пензискиот фонд има средства со кои располага“, вели во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот Димитар Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...