4.5 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниКолумна: м-р Слободан Томиќ-новинар ТОП-ТАН ПРЕДАВСТВО СО "САЛАМА" ТАКТИКА

Колумна: м-р Слободан Томиќ-новинар ТОП-ТАН ПРЕДАВСТВО СО “САЛАМА” ТАКТИКА

spot_img

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

– Да се биде Македонец, најпрвин е света работа, а дури потоа проклетство и немир. Не сме Македонци само затоа што зборуваме на македонски, и не сме Македонци само затоа што пишуваме на македонски, и не сме Македонци само затоа што пееме на македонски, и не сме Македонци само затоа што сме распарчени на македонски, Македонци сме најмногу затоа што сме страдале и затоа што треба да се обединиме на македонски! Македонец, е нешто што не се купува или нарачува или се преговара. Тоа е код, кој има непроценлива вредност и значение, – рекол Петре. М. Андреевски

До 1988, кај јужниот сосед Грција имаше забрана за употреба на зборовите Македонец и Македонија. Секоја употреба на еден од овие два збора значеше затвор или црно му било пишано!

И покрај сите забрани и негации, Македонците се народ со свои корени, ги има низ целиот свет, на сите 5 континенти. Македонците во светот живеат со своите вековни традиции, зборуваат македонски и негуваат макдонски вредности и обичаи, иманентна им е македонската култура која се разликува од културата на другите.

Но, што правиме со таквите изроди и одроди кои ја сотреа македонската сесветост, македонската ризница и македонското национално благо?

Македонија стана суверена и самостојна држава на 8 ми септеври 1991 година. Речиси 80% од вкупниот број запишани Македонци по род и државјанство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, а одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите брз исклучок! За жал, оваа суверена одлука на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија, никој не ја почитува!

QUO VADIS ,МАКЕДОНИЈО СО ПОГУБНИТЕ ПОЛИТИКИ, НА ИЗРОДНИЦИ..?!

Има изроди и одроди кои државата Македонија и Македонскиот народ ги продаваат континуирано! Тој порив системски е инкорпориран, без жал и грижа на совеста од најтешкото кривично дело велепредавство, геноцид и злосторството против човештвото кое не застарува!

Македонија е држава која 17 години се наградува и 17 години се омаловажува! Имено, на 17-ти декември 2005 година Македонија стекна кандидатски статус за членство во Европската Унија, македонската европска приказна започна уште по осамостојувањето на земјата во 1991 година, кога партиите и од власта и од опозицијата постигнаа консензус дека иднината на Македонија е во Европската Унија.

Македонија беше лидер меѓу државите од Западниот Балкан! И покрај неуспешниот референдум во Франција и Холандија за новиот Устав на Европската Унија, ние успеавме да добиеме кандидатски статус. И во Брисел и при приватната посета кај Оли Рен, бев промотор и на Македонија и на Хрватска. Кога си ѕвезда во регионот тогаш, во време на британското претседстелство, можеш да го направиш и следново: Во Брајтон, Англија, одевме со Илинка Митрева на средба со Тони Блер, се боревме да добиеме кандидатски статус во Европската Унија, како за нас така и за Хрватска. Во таа златна 2005 година, и во Белата Куќа, при официјалната средба со американскиот претседател Џорџ Буш, се боревме Западниот Балкан да биде дел од Европската Унија и НАТО! И имавме кредибилитет, Џорџ Буш да ургира кај Тони Блер за нашиот кандидатски статус во Европската Унија!

И успеавме! – вели Владо Бучковски. Арно ама, истиот тој Владо Бучковски, денес е со став дека мораме да ги смениме учебниците, да сториме се’ што од нас ќе се побара, за преговорите со Европската Унија да ги започнеме?! Не е Владо Бучковски виновен, ќе рече еден мој стар пријател кој ги следи состојбите, виновен е ситемот, Владо Бучковски е еден дел од него! А, како Владо Бучковски, за жал, ги има многу, цела армија, секојдневно се котат како печурки по дожд, да не ги споредам со нешто друго, вели пријателот.

Да, токму така, 2005 година Македонија доби позитивен извештај и препорака за почеток на преговори со Европската Унија. Да потсетам, истата година и година потоа, нашиот источен сосед Бугарија, 2006 година, доби топтан зачленување во Европската Унија без никакви условувања. Тоа, само по себе, беше сомнително!

Европскиот суд за човековите права во Сразбург речиси исто толку години, седумнааесет, донесува ПРЕСУДИ со кои и’ наложува на соседна Бугарија, со долгото име Република Бугарија, да им овозможи на Македонците во Бугарија да се изјаснат како Македонци, и да можат да регистрираат здружение или партија како рамноправни со рамноправните и еднакви со еднаквите, како етничка заедница со останатите кои живеат во државата Бугарија! И така, ред по ред, 15 години како дрворед, се нижат пресудите и препораките на Европскиот суд во Стразбург за кои Софија е нема, глува и слепа.

ДВОЈНИТЕ АРШИНИ НА ЕВРОПА, И “ЦЕНТРИТЕ“ НА МОЌ КОН МАКЕДОНИЈА…

Бугарија стана членка на НАТО и Европската Унија, само за една година, оти така требало да биде, со политичка одлука, заедно со Романија. А, за потсетување, и двете држави беа товарени со безброј проблеми во делот на решавањето на човековите права, корупцијата, организираниот криминал, со голем број нерешени прашања со соседите. Но, овие две држави станаа нови членки на НАТО и Европската Унија преку ноќ, оти тоа некој така го наредил и посакувал!

Стапот има две страни, како и вистини, но на грбот на Македонците удрија 100 стапа, поткопувајќи ја целата слика на независна и демократска држава, која според меѓународното право и членот 4 од Повелбата на Обединетите Нации се самоопредели и самоидентификува со народ Македонски, со јазик Македонски, со држава Македонија, со национално достоинство и наследство!

Македонија деновиве беше домаќин на новоизбраниот премиер Кирил Петков, кому лично се обратив со отворено писмо, со молба, да не се вози со авионот со кој пилотира претседателот Румен Радев! Но, тоа што го видовме и чувме сите заедно, веднаш ја дефинира вистинската слика – déjà été vu веќе видено!

Младиот Петков, очигледно не се ослободи од насоките кои веќе ги добил од официјална Софија. Никако не излезе од стереотипното клише, никако не се одважи да даде одговори на прашањата на македонските новинари: Во која држава пристигна и на кој јазик се зборува во државата Македонија?

Како новинар имав можност да се сретнам со стотина “тешкаши“, така ги нарекуваат големите светски политичари, и да добијам дипломатски одговори на моите непријатни и несекојдневни прашања. Но, овојпат, од младиот премиер, во кој сите вложивме многу надеж и очекувања, не добивме одговори. За утеха, само ни рече дека ќе ни се обраќа со краткото, а не со долгото име.

Бевме сведоци на хипокризија и недоличност од новокомпонираниот премиер Димитар Ковачевски, кој наместо одговор од завршениот студент и постдипломец на Харвард, доби скандалозна гротеска! И покрај се’, премиерот Кирил Петков посетата на Македонија ја оцени за најуспешна. А, на што се должи успешноста? Секако на уште една глупост на Зоран Заев, главниот медијатор и скандал мајстор, и на Договорот од Нивице чиј потписник е Никола Димитров, и на нотата до Обединетите Нации на Бујар Османи и новиот владин администратор Димитар Ковачевски, дека Бугарија ќе не ословува со краткото име “Северна Македонија“, исто како и со “Република Северна Македонија“, бидејќи Македонија признала пред Обединетите Нации дека нема територијални претензии кон Бугарија!

Втора придобивка од посетата на Кирил Петков на Македонија е одлуката на македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја, дека не постои “фашистичка Бугарија“ од Втората светска војна, Бугарија само ја администрирала германската окупација врз Македонија?!

Третата придобивка од посетата на Кирил Петков на Македонија, ја соопшти бугарскиот претседател Румен Радев на денот на полагањето заклетва за вршење на вториот мандат на претседателската функција во Собранието на Бугарија, дека блокадата кон Македонија и натаму останува, додека македонските Бугари не бидат впишани во Уставот на Македонија.

Е, ајде да ја свртиме и ние страницата. Прво, ова е втора глупост на Димитар Ковачевски откако го превзеде администрирањето на марионетската влада на Зоран Заев од сенка. Имено, уште во првата средба со новопрогласениот премиер на Бугарија, Кирил Петков, адутот му го даде со задоволство, не го сочува во ракав, како што истакна и самиот Кирил Петков: Позитивниот одговор од македонската влада за името на државата “Северна Македонија“ очекувале да се случи за две години отсега, а не веднаш на 16 јануари 2022 година! Така постапи и Зоран Заев, кој на 17 јуни 2018 година на Атина и’ ја даде античката историја на Македонија, ги избриша Македонците насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија, иако Атина за првпат во својата историја, Егејскиот дел на Македонија го окупира во Балканските војни 1912-1913 година! Грчкиот инороден крал Георгиос Први – Крал на Грците, на 31 октомври 1912 година издаде Декрет на владата на премиерот Елефтериос Венизелос, “да воспостави времена управа врз окупираните територии во Македонија“! До Балканските војни, Атина беше под планината Олимп, никогаш во Македонија!

МАКЕДОНИЈА НЕМА ВЕЧНИ НЕПРИЈАТЕЛИ,МАКЕДОНИЈА НЕМА ВЕЧНИ ПРИЈАТЕЛИ, МАКЕДОНИЈА ИМА ВЕЧНИ ИНТЕРЕСИ…!

Сега Софија бара впишување на Бугарите во Уставот на државата Македонија без реципроцитет! И Кирил Петков на 16 јануари 2022 година во тв-инртервју во Софија изјави дека во Бугарија не постои македонско малцинство, Бугарија не прифаќа никакви разговори по тоа прашање! Во Македонија никој официјално на таа изјава на бугарскиот премиер не одреагира!

Затоа, после сите искушенија и предизвици, прашањето: Каде ја води Македонија оваа погубна политика на Сосцијал-демократскиот сојуз на Македонија?

На крајот, да биде гротеската уште поголема, изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Богојавление, дека опозицијата бара итни предвремени парламентарни избори со една изборна единица без техничка влада. Останува во сеќавање несреќната двојка од шарената револуција Шеќеринска Заев, кои на Божик заминаа кај Штефан Филе да ја кодошат тогашната влада на Никола Груевски, со барање за итни предвремени парламентарни избори.

Од друга страна наместо прашањето од страна на Македонската влада, што прави Бугарија за извршување на 17 судски пресуди од Европскиот суд за човекови права на Македонците во Бугарија, го добивме одговорот од претседателот Стево Пендаровски, дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија и нема да ги помага барањата на Македонците во Бугарија, кои за вицепремиерот Бојан Маричиќ не постојат, дури вели “Ако постојат!“

Во вакви зомби ситуации на национална агонија, кога сите те тепаат а никој не те брани, народот вели: Не си ниту да плачиш, ниту да се смееш!

Жалосно, ова е национална трагедија: Актуелната Влада, Собрание и Претседател на државата Македонија кренаа раце од Македонците во Бугарија, како и претходно што кренаа раце од Македонците во Албанија! Останува за потсетување и во незаборав, дека во сите устави на државата Македонија од 1944 година, па и на последниов Устав од 17 ноември 1991 година, донесено од првото уставотворно парламентарно собрание после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, стои обврската на државата Македонија “ГРИЖА ЗА ПОЛОЖБАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА“, односно обврската “ГРИЖА ЗА ПОЛОЖБАТА И ПРАВАТА НА ДЕЛОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО СОСЕДНИТЕ ДРЖАВИ НА МАКЕДОНИЈА“! Како може, за актуелната антимакедонска власт да исчезнат Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, Македонците во цела Бугарија, во Софија, до Црното Море, на целата територија на Република Бугарија заради Бојко Борисов и Кирил Петков! Па, нели Стево Пендаровски цело време вели, освен ако не не’ лаже како и досега: Без Македонците и Македонскиот јазик не ни треба Европската Унија!

Не окуражи изјавата на поранешниот министер за надворешни работи Михаил Рот, кој рече дека Бугарија мора да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права за Македонците во Бугарија! Кога беше активен министер Рот, уста не отвори за Македонците во Бугарија и за Македонскиот народ на Балканот и во државата Македонија!

Да биде уште по трагикомично марксистот Али Ахмети не подучи дека Македонија ништо не губи ако ги впише Бугарите во Уставот на Македонија!

Да се надевме дека новоизбраниот бугарски премиер Петков, сепак ќе се оттргне и ослободи од диктатот и директивите на Румен Радев и останатиот бугарски политички оркестар, и сепак ќе го фати патот по вистинскиот европски компас на 21 век: Да се почитуваат правата и волјата на народите на самопоределување, да се почитува името, јазикот, културата и историјата на секој народ во обединета Европа без никакви “салама“ тактики на Никола Димитров, со кои Македонскиот народ се’ изгуби!

Точно, во политиката се’ е можно, стои согласноста со Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата, кој на премиерот Кирил Петков му порача, доста со блокади, ајде да градиме мостови на соработка и поддршка! Сервилноста е штетна, а клиентелистите ја доведоа Македонија до ивицата на амбисот од каде враќање назад нема. Шекспир своевремно рекол: To be or not to be, the question is now! Да се биде или да не се биде, е прашањето сега!

Чесно е да кажеме, дека не прифаќаме штетни договори: Не преговараме за нашето име на држава, народ и јазик, не преговараме за Македонскиот идентитет кој не значи само име на државата, туку народ, јазик, култура и историја заедно! Ништо повеќе, ништо помалку од тоа што на сите народи и држави во светот им следи! Затоа што и за Македонија важи правилото: Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!

Јаготката на шлагот од тортата во оваа тажна рапсодија е од кој друг, ако не од претседателот Стево Пендаровски: “Ја откажувам средбата со претставниците на ОМО ИЛИНДЕН поради пандемијата со КОВИД-19“. Нели, Кирил Петков долета од,, друга планета во Македонија, не од Бугарија?! Која мизерија од таткото на нацијата порачува, НАРОДОТ!

Овие небулозни изјави на “нашите“ претставници, крајно недостојни, дури и нехигиенски да се изустат, ќе останат во депониите на историјата. Но, власта која кренала раце од сопствениот народ се памети за велепредавничка! Такво време и ние живееме, и од ден во ден, со изјава до изјава, не тераат да се срамиме да речеме дека сме Македонци. Во Македонија ни ја забранија употребата на придавката Македонски/а/о од именката Македонија! Прават се’, како да пишуваат историја, во која идни генерации ќе учат лекции: Последното македонско национално малцинство живееше само во државата Македонија!

Александар Антиќ, српскиот разузнувач, стана заштитник на сите Албанци во светот, Зоран Заев се откажа од Македоцните во Бугарија, Албанија, Грција, од Македонците во светот. Кога Бугарија, Македонците во Албанија ги направи Бугари, Заев со малиот прст не мрдна да ги заштити. Се збори дека тони марихуана од Струмица со тајни ноќни летови се префрлаат во Албанија, оттаму во демократска Европа… Македонија по светските статистики станува најголем увозник на марихуана, а каде од неа заминува, само Господ знае, да ни ги сочува децата од наркоманија…

Се надеваме, дека на Македонците можат да им земат се’, ама душата, срцето и љубовта за Македонија не’!

И повторно ќе изрти македонското семе како пиреј, повторно Македонија ќе никне како феникс на вистината и слободата!

Пишува : м-р Слободан ТОМИЌ- новинар

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...