12.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со мекици за Драги Рашковски

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со мекици за Драги Рашковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во центарот на Скопје делеше мекици на случајни минувачи, како своевидна помош за поранешниот генерален секретар Драги Рашковски во актуелниот судски процес „Софтвери“ против него. „Со оваа наша акција сакаме да му помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега откако повеќе не е на функција генерален секретар и откога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени. Затоа прашуваме: Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни? Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка „доџ“? Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип „волво“? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, хонда и кавасаки“, прашаа младите од ВМРО-ДПМНЕ.

<

По вчерашното прво рочиште за случајот „Софтвери“ Рашковски изјави дека имотот на неговите деца бил стекнат од нивните родендени, кршевки, имендени, а се друго што поседуваат е негов имот што го имал и пред тоа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Мојот татко ни се заканува дека ќе нè убие“: Прво интервју на внукот на Зоки Фаци

Хајп.мк“ ексклузивно разговараше со Дарко Митровиќ, внукот на Зоки, кој ја сподели болната вистина. „На први мај добиваме телефонски закани, закани по живот, за жал...

Час за паметење: 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија

Час за паметење 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија 60 години од матурирањето денес одбележаа генерацијата 61/65 од гимназијата „Славчо Стојменски“...

Младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски

Ова момче е новиот Александар Сариевски Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара...

Приведен 36-годишниот битолчанец кој со нож се шетал и заканувал на друго лице на Широк Сокак

Денеска (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски...