9.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаЗабаваТеа Таировиќ ја шокираше Македонија: Наместо за македонскo, пееше за бугарско девојче....

Теа Таировиќ ја шокираше Македонија: Наместо за македонскo, пееше за бугарско девојче. (Видео)

spot_img

Теа Таировиќ има блескав почеток на нејзината кариера, а редовно на социјалните мрежи се споделуваат видеа од бакшишот во илјадници евра кој го добива на нејзините јавни настапи.

Сепак нејзината популарност во Македонија значително ќе се намали по шокот кој им го приреди на сите Македонци.

Имено на настап во Бугарија, Таировиќ ја препеа „Македонско девојче“, но наместо македонско пееше за бугарско девојче.

Ваквиот гаф на Таировиќ доаѓа во доста емотивен момент за македонскиот народ кога македонската и бугарската Влада, на јавна сцена преговараат за македонските идентитетски прашања.
Видео Тука

Македонско девојче е македонска народна песна на Јонче Христовски компонирана во 1964 година.

„Македонско девојче“, како што првично е напишано, се состои од четири строфи.

Македонско девојче
Прва строфа:
Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Втора строфа:
Нема ѕвезди полични,
од твоите очи,
да се ноќе на небо
ден ќе раздени.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Трета строфа:
Кога коси расплетиш
како коприна
лична си и полична
од самовила.

Рефрен
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Четврта строфа:
Кога песна запее
славеј натпее,
кога оро заигра
срце разигра.

Рефрен:
Дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....

Мало потсетување: 46 отсто од македонските граѓани веруваат дека од авион прскаат вируси

Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во пред две години гостуваше во „Клик...

Протестот на ДУИ пропадна, граѓаните одбиваат да ги заштитат партиските милионери

Обидите на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, со тврдење дека го бранат Законот за употреба на јазиците, изгледа дека се соочуваат...