16.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаПримале гости без сертификати, не издавале фискални сметки, затворени 4 угостителски објекти...

Примале гости без сертификати, не издавале фискални сметки, затворени 4 угостителски објекти во Куманово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на викендот (29/30.01.2022) од страна на Одделот за криминалистички работи, Единицата за брзо распоредување, СВР Скопје, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беше спроведена акциска контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

<

-За време на контролата четири угостителски објекти се времено затворени и запечатени од страна на ДПИ, бидејќи во нив биле затекнати 25 лица кои не поседувале Ковид-сертификат, а за 13 објекти е изречена глоба од страна на Управата за јавни приходи, поради неиздавање на фискални сметки, односно нерегуларности во прикажување на промет.На три објекти од страна на инспекторите им е побарана дополнителна документација, а на уште еден објект е изречена санкција поради непочитување на Законот за угостителска дејност. Дополнително, на три лица ќе им биде изречен поднесок согласно Законот за лична карта.По документирање на сите констатирани прекршоци против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...