17.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниАЈДЕ, НАРОДЕ НА ИЗБОРИ...!

АЈДЕ, НАРОДЕ НА ИЗБОРИ…!

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Партнери или учесници… Никогаш досега две можни политики кон Европската унија не биле толку јасно дефинирани како во Македонија. Да се биде партнер со Европа значи да се работи заедно на пристапот на Македонија во ЕУ. Зашто, тој пристап не е во интерес само на Македонија. Тоа мора да биде во интерес и на другите европски земји. Ако нема таков интерес, ако интеграцијата на Македонија во ЕУ е само македонска и ничија друга желба, тогаш нешто сериозно не е во ред со европската идеја, па дури и со европскиот интерес за Македонија.

Но, ако тоа е вообичаена работа, ако сите имаат корист од тоа, тогаш не може да се поставуваат сè повеќе барања пред Македонија, кои сè потешко се исполнуваат. Досега Македонија исполни и испораќа најтешки завршени задачи и единствени во светската историја, жртвувајќи го сопствениот идентитет со промена на името, доведувајќи го во прашање територијалниот интегритет, со прифаќање на два контроверзни октроирани договори “скоцкани“ од надвор и носени само на параф во „нотарската канцеларија“ кај сервилниот политикантски тим на Клативое Такоевиќ, алијас Зоран Заев и тајфата. Се разбира, тука е и пишман министерот Никола Димитров, претходно Охридски договор прв езерски и Преспански втор езерски договор со кој свесно се донесе во поништувачка состојба. Македонија како смостојна држава.

И конечно, како трет или апокалиптичен документ од 2017, Бугарскиот договор со кој дефинитивно на голема порта се афирмира и потврдува долгоочекуваниот сон за Сан Стефанска Бугарија, односно Голема Албанија, а тоа го потврди и “леттечкиот“ министер “командат“ Османи, кој со брада и фризура на 3 март јавно го направи тоа пред камера, честитајќи го празникот на Сан Стрефанска Бугарија! И тука се е јасно!

Од друга страна светот му порачува на бугарскиот премиер Петков да се извини за геноцидот врз македонските Евреи, за што Софија со децении молчи.

Едновремено, претседателот Стево Пендаровски јасно и гласно ја обзнани таканаречената јавна тајна, дека целата власт на чело со Зоран Заев, Стево Пендаровски, Бујар Османи и останати за интервенцијата на Русија врз Украина.

Зошто тогаш талентираниот министер и сеуште актуелен премиер во сенка Заев, не ги информирал или им намигнале на Украинците, да се спасат и спастрат, прашува лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села?

А, пред се, домаќински би било, да си обезбедат јаглен, нафта, електктична енергија и стокови резерви да си обезбедат. Нели? А, не да тријат раце за лов во матно или во криза, и тоа, со мрсни акцизи за, нафтени реагенси и гас..

Да се приклониш кон некое сојузништво, заради можна поддршка за воведување на санкции кон Русија, треба најпрвин да добиеш гаранции за твојата безбедност и економска поддршка од посилните. Од друга страна да го прогласиш рускиот амбасадор за “персона нон грата“, тоа е дилетантска стратегија. Експертите со став македонските санкции,или „руски рулет“

Македонија не е во позиција да преговара за правилата на игра во ЕУ. Македонија треба да ги разбере тие правила и да научи да игра според нив. Исто како што научија сите други земји кои се приклучија на ЕУ. Можни се исклучоци, но само привремено, како преодно решение. И колку помалку исклучоци за една земја, колку помалку има барања за нивно правење, толку земјата е поподготвена да стане членка на европското семејство. Македонија навистина се приклучува на еден важен клуб. И не е добро тоа членство да почне со дискусија со портирот со калливи чевли или за непрописно паркирана кола.

Но, ако двете политики се во право, во што е проблемот? Како и секогаш, проблемот не се принципите, туку нивната примена. Дека мора да се почитуваат правилата ако сакате да играте, не е спорно. Спорно е какво било правилото. И навистина, кое е точно правилото што Македонија во моментов го крши? Дека земјите од ЕУ мора да бидат оддговорни и коректни кон Македонија, и конечно да кажат бива или не бива Македонија да стане членка на оваа Унија!

По никоја цена не смее да се потцени геостратешката позиција(положба) на Македонија: Коридорите 8 и 10 се најважната крстосница која Европа ја поврзува со Исток и Запад, но тоа чини! И повторно, што тука не е јасно?

Видовме и сеуште гледаме колку Украина им е од голема важност и значење на Европа и САД, и за таа цел експресно може да се разговоара или преку ноќ да се вметне во ЕУ, како што беше случајот со Бугарија и Ромнија уште во 2006 година, без никакви исполнети критериуми?! Е тоа беше хипокризија или циркузијада.

Македонија стана членка на НАТО, но прашањето е каде се странските инвестиции кои ги гарантираше НАТО, ако безбедносната организација беше гарант и магнет за привлекување на странски инвестиции?

Македонија стана се’, но членка на ЕУ не, и прашање е дали воопшто ќе биде. Европа без Македонија е како тело без глава или обезглавена!

Дали Европа треба да разбере дека во секоја ситуација на соработка, треба да провејува концептот на правичност и праведност. Западен Балкан не смее да се занемари, запостави, потцени или прескокне. Без Западен Балкан, Европа ќе се растури како “пиксла“ по секој основ, оти навистина Балканот е буре барут! Западен Балкан само ќе донесе раздвижување и акцентирање на “заспаниот нерв“ на енергија и комуникација меѓу народите со различни култури, обичаи и традиции, тоа Европа го нема! Дека има дисонанца во ЕУ околу санкциите кон Русија, потврдуваат и разговорите меѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и премиерот на Холандија, Марк Руте, во Париз, изјави дека државата не може да се откаже од снабдувањето со нафта и гас од Русија.

“Нема да повикувам на прекин на испораките на нафта и гас од Русија. Тоа е невозможно затоа што ни се потребни. Тоа е непријатна вистина, но можеме повеќе да ја промовираме нашата зелена агенда“, рече премиерот. Што тука не е јасно, но што правиме?

Ќорсокакот во кој сега се наоѓа Македонија, покажува нешто сосема друго. Не размислуваме што ќе правиме ако работите тргнат наопаку. Немаме “стратегија за излез“!

Европа ги измисли и алтернативните можности и унии, како Франција ја има медитеранската унија, од каде си има енергенси и се што нуди богатата северна Африка. Нека се размислува малку и на ова тема во Македонија, за алтернативни можности истовремено, пред се’, работејќи на задачите на реформите и да заличи на држава со сите нишани, а не да остане држава на криминалци, корупционери и мали диктатори во куси панталони и челични опинци!

Што ако не успее работава со ЕУ? Не е важно кога, но што ќе прави Македонија во таков случај? Можеби е време да размислите и за тоа. Дали ЕУ воопшто има алтернатива во Македонија? Безусловно е потребно да дојде до доближување на народите во регионот, за крај на сите идеи за големи бугарија, албанија, србија, односно Отворен Балкан кој ќе го скрши стереотипот и предрасудите, дека економијата и владеењето на правото ќе бидат на прво место, потоа лесно е да се зборува за интеграциите. Тогаш и реалноста “балканизација на Европа“, но во позитивен контекст!

Во секој контекст, почетокот и крајот на политичката, енергетска, здравствената и економската криза во Македонија е нови парламентарни избори! Е, па ајде народе на избори!

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец вo полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор.

Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор. Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово,...

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов.

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов. Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во...

Велешани ја направија најголемата пастрмајлија од 4 метра и 20 сантиметри- Питијадата се изеде за 11 минути !!!

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската...

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...