13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниМАГИЈАТА ВО ПАЛЕРМО: МАЛИТЕ РИПЧИЊА ЈА ГОЛТНАА АЈКУЛАТА!

МАГИЈАТА ВО ПАЛЕРМО: МАЛИТЕ РИПЧИЊА ЈА ГОЛТНАА АЈКУЛАТА!

Пишува м-р  Слободан ТОМИЌ

Ете, се случи уште едно чудо. Македонија испрати уште една порака до светот дека не е монета за поткусурување, или играчка со која може секој да се поигрува, или раскрчмува. Македонија не е крчма без крчмар, македонија има стопан, тоа е народот Макдедонски и душата на претците кои секојдневно будно бдеат над својата Македонија, помагајќи и’ во секоја прилика.

Победата на фудбалската репрезентација во Палермо, во полуфиналниот меч за пласман на светското првенство, ја победи победничката Италија на свој терен со резултат 1:0 и тоа со два шута, или со еден удар. Или како “малиот“ Голијат го победи колосалниот Давид. Верата, љубовта и надежта за Македонија беа во срцата на македонските лавови и победата беше неизбежна. На Азурите не им помогна ниту “сицилијанската одбрана“. Судбоноснтата минута го кажа и донесе очекуваното, така и победата за Македонија. Токму сега кога најмногу се потребни вакви случувања за опстанокот на Македонија и Македонците!

Од друга страна, секогаш со доза на пежоративност или потценување, силниот Запад се однесува кон една држава и народ, кој после Евреите најмногу се спомнува во единствената книга на светот Библијата, преведена на 2.000 јазици – Македонија и Македонците. Во времето во кое живееме, сме изгубиле поим за тоа колку среќата може да биде едноставна и мала. А, овие дела на нашите спортисти, или успешни македонски умови и музички витуози кои се накитија со грст признанија и награди, претставувајќи ја Македонија насекаде во светот, поставуваат многу прашања за тоа на кој начин го живееме животот?
Да, на кој начин политикантите од Македонија ја претствуваат државата надвор во светот и колку ја почитуваат вредноста и богатствата со кои Македонија располага од своето постоење и опстанок милинеуми наназад до ден денес? “Политичарите и пелените треба често да се менуваат – од иста причина“, ќе рече британскиот писател Марк Твен.
Но, никако оваа прекрасна мисла на овој светски писател да допре до умот и разумот на македонските политиканти. Тие, со своите задници и каканиците од нив што ги прават и остават во политичкиот амбиент 30 години во континуитет, направија огромни штети на Македонија и Македонскиот народ!

Колумната е посветена за победата на македонските лавови кои храбро се бореа и во главниот град на Сицилија ја совладаа победничката Италија, првите на мудијалот и првите во фудбал на стариот континент Европа! Ја победија секоја потценувачка или игнорантска политика кон Македонија и Македонците!

Не можам, а да не се наполнам со енергија кога ќе се случи вакво чудо од македонските лавови и лавици, на спортските терени или музичките подиуми или научните натпревари. Да, тоа се столбовите врз кои почиваат и стојат темелите на куќата Македонија, кои никој не може да ги урне, оти Македонија и Македонците се носители на атласот на народите и картата на светот! Да, затоа е сета оваа катадневна борба, како побргу да се избришат Македонците и Македонија од атласот и картата на светот!

Не е параноичен став, туку вистината и и само вистина, а пред нејзе и Боговите молчат.

Да, македонските лавови го совладаа секој напор и обид на кое било сценарио, а такви се многу по број: Како да се избрише засекогаш нешто што е запишано и во Светото Писмо – Македонија и Македоците. Фактите говорат и потврдуваат дека после Евреите, Македонците се спомнуваат најмногу во Библијата.

Текстот не сакам да го обременам со обвинувања, туку со пофалби! Да, пофалба и до американската амбасадорка на САД во Македонија нејзината екселенција Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во Македонија, ветеран во американската дипломатија со 26-годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт Департментот. Таа несебично ја поддржува Македонија во напорите да се справи со криминалците и корупцијата како и судската власт која “забега“! Таа е особено загрижена што според истражувањата само 8% од граѓаните имаат доверба во системот.

“Не е тајна дека јавноста нема доверба во судството. Всушност, последното истражување на Еуротинк покажа дека само 8% од граѓаните во ……. Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно има уште многу работа да се заврши, вклучувајќи реформирање на судството и зајакнување на институциите, но исто така и да се форкусираме на перцепцијата – неопходно е луѓето да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да бидат сигурни дека нивните случаи навремено ќе бидат прецесуирани од неутрален и независен суд. Ова е основен принцип на секоја слободна демократија, која добро функционира“, рече Кејт Мери Брнз, амбасадорка на САД во Македонија.
Каде се чуло и видело, а “желботеки на кило“ од страна на клиентелисти на Јавен обвинител или шефица на Обвинителство за гонење организиран криминал, имено првиот пред камера Љубомир Јовески јавно си поскал желба да стане уставен судија и со тоа да си ја заврши кариерата, а од друга страна и шефицата за гонење на криминал и корупција Русковска да стане Јавен обвинител. Претходно, за потсетување, како награда за сторените клиентелистички услуги, за претседател на Уставниот суд беше “избрана“ Добрила Кацарска, обвинува и негодува народот!

Според експерите по право интересен е фактот, дека Јавниот обвинител Јовески е инсталиран на 25 декември 2017 година, со самото доаѓање на власт на коалицијата на столетието СДСМ-ДУИ. Со вакви лица нема реформи во судството, со нив тешко до преговори со Европската Унија, оценуваат истите..!

Светот тоа добро го знае, освен ситните души на таканаречените политичари кои го занемаруваат сето национално благо од Бога дадено.
Не можам а да не го спомнам мојот пријател од Канада, Боби Темелков кој во изблик на реакција по големата победа на македонските лавови на фудбалската арена во градот Палермо, центарот на најголемиот медитерански остров Сицилија. Цел свет зборува за победата на Македонија врз фаворитот и светски првак Италија, Daily Mail од Голема Британија кој не’ нарекува “мали рипчиња“ (small minnows), како Македонец тоа многу ме навредува! Една порака до “Голема“ Британија: Западот и сите “културни“ неварварски нации, Вие отсекогаш Македонците ги нарекувавте “варвари“, ама еве денес и малите рипчиња (minnows), тие мали рипчиња или варвари (Kingdom of Macedonia) го освоија целиот познат свет во тоа време! Пред 2650 години вашите “нации“ не постоеа! Тие варвари донесоа култура, религија и јазик во голем дел од денешна Европа“, вели Боби Темелков, Македонец во Канада.

Тоа мало рипче (minnows) еден ден можеби повторно ќе стане Ајкула! Како што гледаме и учиме од историјата денес, тие што биле горе паѓаат доле, а тие што биле доле повторно ќе се кренат на врвот горе!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...