19.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридФотоволтаици и винарии ќе се градат во општина Дебрца

Фотоволтаици и винарии ќе се градат во општина Дебрца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фотоволтаичен систем, винарии и изградба на современ ладилник се дел од објектите кои ќе се градат во општина Дебрца. Овие стопанските објекти ќе донесат економски бенефит за жителите и заедницата. Се очекува побрз локален економски развој по завршување на долго очекуваната урбанизација за селата.

<

стопански објекти. Наскоро се очекува изградба на фотоволтаичен систем, винарии и современ ладилник за откуп на земјоделски производи. Фотоволтаиците ќе се градат на парцели во селата Злести и Горно и Долно Средоречие, потенцира Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца. Парцелите се во сопственост на државата, а со нив располага општината според Законот за градежно земјиште. Деновиве, ќе биде поднесено барање до Влада за добивање согласност за начинот на издавање на парцелите, дали ќе бидат дадени под закуп или ќе се оттуѓат. За изградба на вакви системи, веќе пројавиле интерес домашни и странски инвеститори , укажува Ногачески.

„Има интерес за изградба на фотонапонски централи на површина од 60 хектари, со можност за инсталирање на производство на струја од 40 мегавати. Тоа, особено, сега е важно во услови на енргетска криза кога и државата дава приоритет за изградба на обновливи извори на енергија“ – рече Ногачески.

Градоначалникот Ногачески очекува побрз локален економски развој по завршување на долгиот процес на урбанизација на селата. Економскиот развој на општината е многу важен и за жителите и за заедницата. Салата на задружниот дом во селото Требеништа ќе биде пренаменета во корисен простор кој со години им е неопходен на производителите на зеленчук и овошје.

„Според бизнис планот на инвеститорот во следните 10 години ќе треба да изгради современ откупен центар. Модерен дистрибутивен центар со ладилник кој е потребен за земјоделците од општина Дебрца“ – рече Ногачески.

Заинтересиран инвеститор има и за откуп на градежно земјиште во селото Мешеишта. Инвеститорот планира да инвестира во изградба на винарии. Со урбанизацијата е предвидено да се изградат 9 мали винарии.
Извор: Тв Мики

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...