0.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМ-р Слободан Томиќ:Ова е веќе видено - DÉJÀ VU !!!

М-р Слободан Томиќ:Ова е веќе видено – DÉJÀ VU !!!

spot_img

Европската унија ги третира државите од Западен Балкан како злобна маќеа. Иако ова не е значително променето дури и по руската инвазија на Украина, фундаментална дебата се води во ЕУ, дали воопшто сака да ги прими преостанатите шест земји од Западен Балкан (Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово) до полноправно членство. Ако ЕУ има намера да ги прими наведените земји во своето членство, прашањето што треба да се постави е како би можела да го направи тоа. Поминаа 19 години од усвојувањето на Солунската агенда за Западен Балкан, која предвидуваше членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Освен ветувањата за европска перспектива на соодветните земји, ништо конкретно не се случило во однос на нивното членство во ЕУ.

Во меѓувреме, фактот што Украина и Молдавија добија кандидатски статус само три месеци откако ја поднесоа својата апликација за членство во ЕУ, предизвика големо разочарување од балканските земји. Македонија и Албанија, за жал, се’ уште го чекаат почетокот на разговорите со ЕУ поради бугарската блокада. Всушност, бугарскиот парламент усвои нова одлука за “деблокирање“ на почетокот на разговорите меѓу ЕУ и Македонија, која вклучува барања неприфатливи за Македонија.

За жал, сето ова се случува под “рефлектори“ и е поздравено со аплауз од ЕУ. Бугарија и Македонија треба да го искористат претстојниот период за да најдат компромисен договор што ќе го деблокира процесот на отпочнување на разговорите со ЕУ во согласност со решението предложено од францускиот претседател Емануел Макрон. Општа перцепција е дека ЕУ постојано избегнува да заземе конкретен став за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Во таа насока, францускиот претседател Емануел Макрон неодамна покрена иницијатива за формирање на европски политички сојуз кој ќе ги опфати и земјите од Западен Балкан. Бидејќи ЕУ е политички, економски, културен и вредносен сојуз, зошто има потреба да се предложи формирање на нов политички сојуз, тоа е блок на земји кои првенствено би биле насочени против Русија, а во крајна линија и Кина. Се воспоставува нов глобален поредок и прашање е какво место ќе добие Западен Балкан во него.

Во врска францукиот предлог се огласи експертот за Балканот, Флоријан Бибер. Според него, Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето. Бибер е категоричен и со став дека иако изгледа добро да се стави крај на бугарското вето, тоа постигнува малку и носи големи опасности: (1) Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки, (2) Значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена, (3) Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Македонија, (4) Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари, (5) Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права, и (6) Нема да има доволно поддршка во Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања. Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување“, изјави професорот Бибер.

Тоа што е перверзно е дека за промена на име на држава која се вика Македонија во име со географска одредница не е free of charge или без напојница. Да, тоа е лудост да се поверува, како што нагласуваат лиидерите на ЕУ во изминатите 30 години уште со промена или продажба на старото знаме со 16 крако сонце, потоа 1999 година за отстапување на територијата Македонија за Операцијата Косово 1999 и СР Југославија, потоа октроираната Охридска Спогодба 2001, потоа 2004 територијаната поделба и на крај Нивице или Преспа 2018 година. Тоа се дебели милионски или милијарда долари награден подарок и тоа не за Македонија и Македонците, туку за продадените души!

Македонија после сите овие тешки проекти заслужи безусловно членство во НАТО и ЕУ, а не да биде ставена сега во крематориумот бугарски кој со изим на “Макроновиот таканаречен предлог“, Македонија и Македонците треба да речат еднаш засекогаш ЗБОГУМ Македонски народе, јазику,идентитету, историјо, археологијо!

Предлог Макрон 2 или иста работа, но во различно пакување, ќе рече народот. Од друга страна најстрашно и предавнички со протоколи за уништување на народ, код, идентитет држан во тајност и далеку од народот Македонски.

Ајде да речеме ние сакаме внатре во ЕУ?! Да, но не по секоја цена! Има начин, има некое правило, принцип и норма! Македонија даде најмногу од сите 25 членки на ЕУ за членство во ЕУ. Дали некоја од државите членки на ЕУ го сменија името и се по ред? Дали некоја од државите прифати октроирани и парадоксални договори кои се пред се’ штетни по нејзиното уставно уредување и национален поредок, односно од државотворен народ или стопан на државата да стане кираџија во сопствената држава. Се поставуваат реторички прашања токму до конституентите на ЕУ, Германија и Франција. Во Германија имаме 8 милиони Турци, дали Германиците ги ставиле во Уставот германски, или Французите каде има милиони Алжирци, Мароканци и останати, дали се ставени како државотворен народ во Франција? Интересно и априори е да не очајуваме и да речеме немаме алтернатива! Тоа никако! За се’ има излез и решенија. Ние можеме, како што рече Маричиќ во една прилика заедно со своите пишман аџии колеги Ковачевски Бујар и самиот Маричиќ “Но Пассаран“ за предлогот на Макрон на 18 јуни, заедно со претседателот Пендаровски што беше празник за очи и уши за сите нас. Се надевав, дека така и ќе остане. Осебено кога истиот тој Маричиќ кој ќе рече “што е трагично ако не го потпишеме сега не пропадна светот има и други прилики“. Но, сето тоа беше со краток здив, СЕ случи веќе виденото или де жа ву… Пишман политиканти тајно преговараа во тројка или црна тројка за црни сценарија, само од лукративни побуди. Да се направи некое селфи, не како тој во авионот без пилот, кој се враќаше од Брисел и каде во стилот на лажговци трио со кренат прст лајк, ја измамија целата македонска јавност. Овојпат и покрај се и после се, со сила, закана и пукања и нанесувања повреди и закани по живот од огнени оружја, како што беше и со настанот кај Мавровка кога претставник на албанската заедница со репетирани пиштоли пукаа кон претседателот на лидерот на опозицијата Мицкоски, заканувајќи и’ се на целата македонска јавност. Или како што најави хирургот, закана на една држава на НАТО, за можни меѓуетнички судири. Ете тоа се јавачите на апокалипсата во Македонија.

Каде се чуло и видело? Кога го спомнавме едниот од двоецот на македонското погибје Заев, вториот е Димитар Ковачевски, анонимус во политика и воопшто во државата, кој како што го анализира народот, никогаш познат во политиката или политичкиот живот на брз интезивен курс, далеку од Македонија, на интензивен курс со вбризгување во црпката координати, и дресура како да се однесува во вториот дел од сценариото “Уништување на Македонија по брза постапка“, тој како послушен пиун со Remove control контрола на повторно движење, или контрола со далечински управувач мора да го реализира сето она што е наведено во сценариото.

Двоецот Заев Ковачевски

Зоран Заев водеше политика на “нула“ проблеми со соседните земји. Како резултат на тоа, Македонија и Бугарија потпишаа договор за пријателство, добрососедство и соработка. Подоцна, на 17 јуни 2018 година, Северна Македонија потпиша договор со Грција (“Договор од Преспа“) за измена на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.

После тоа, Република Македонија стана полноправна членка на НАТО на 27 март 2020 година. Донесен е Законот за употреба на јазиците, кој ја промовира употребата на јазиците на другите етнички заедници.

Со ова се предвидуваше исполнување на сите клучни цели поставени од новата македонска влада на чело со премиерот Заев, освен една. Поточно, отворањето на пристапните преговори со ЕУ.

Сега е на ред со поданичките чекори вториот двоец од октроираната марионетска власт Ковачесвки, и дружината марскисти и оснанати пајташи,секако без Павле Трајанов кој како и да е покажа и докажа дека како еден од осумтеминатата во поранешниот еднопартиски ситем ја донесе преспективата за независна Македонија. Затоа Трајанов заслужува заедно со Мицкоски и коалицијата за независна и унитарна Македонија како и партијата на Србите предводена од Стоилковиќ и останатите коалициони партии на Турците, Ромите, Бошњаците, Власите и отанатите, ќе го слушнат Гласот на народот и конечно ја вратат довербата и достоинството и економската стабилност на Македонија.

Во моментов немаме народна власт, имаме марионетска власт, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот. Им служела на тие што им служи, додека на народот не му прекипело и да ја набрка и да си ја врати народната власт, тaка ќе биде и во Македонија.

Нема многу време да помине, кога овие ќе им дојдат преку глава на сите луѓе, ќе бидат набркани и ќе си ја врати народот власта која ја посакува и која остави печат за македонската востина, достоинство и идентитетско потврдување, а тоа е само кога ќе се случи, а веруваме во тоа семакедонско обединување и интегрирање.

Чест е да се спомнат прекрасни пораки на политичари кои ќе бидат запаметени. Тие порачуваа: “СДСМ треба да знае дека оваа земја му припаѓа на овој народ, дека нема пари кои можат да го купат достоинството на народот и покрај тоа што СДСМ има многу пари од одредени спонзори. Спонзори кои чекаат исполнување на барањата кои ги имаат до власт.“ Има и многу чесни политичари во СДСМ, тоа е факт,но,за жал тие се дистанцирани или воопшто не се во игра! Има и политичари,кои храбро рекоа НЕ за политиките на Заев и дружината и секако и без нивна поддршка и помош успееа да победат на локални избори,а тоа е примерот со Максим Димитриевски градоначалникот на општина Куманово, кој според народот докажа како се брани Македонија по секој основ дури и сега во оваа матно ловење на риба ,,капителец,! Да, тоа се политичари кои заслужуваат да го водат народот,и кои се подготвени за интересите на Македонија ги заборават и занемарат личните и партиските интереси!

Крајната цел на инсталирањето на заробена држава е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој си ја сака државата, кој се бори за својата држава, за својата татковина, за своето име, за својот идентитет, за својот јазик итн. Целта на оваа власт е да се сака државата е демоде, а дека модерно е легализирање на марихуаната, легализирање на геј браковите и многу други работи, нормалното да го направат ненормално, а ненормалното да биде нормално. Едновремно да се прифатат најапокалиптични договори за разнебитување на Македонија по секој основ, а се однесува за нејзиниот национален капитален интерес име, идентитет, јазик, историја, археологија. Договори од лукративни причини за лични и партиски интерес, а на штета на Македонија и Македонскиот народ и иднина!

Економијата во моментов во државата тоне, сите економски параметри одат во надолна линија, секој месец се пониски се очекувањата за раст на економијата. Инфлацијата достигна 14.5%. Наместо поголема просечна плата, таа сега паѓа, дека нема зголемување на пензиите повеќе и не се во дослух со двоцифрената инфлација и сиромаштија. Живееме во една страшна конфузија и стрес, како ќе ја дочекаме зимата 2022/2023 година, кога пред нас се енергетската криза, скапотијата на храна, енергијата топлинска, основните услови за живот. Немаме иновативност на апологети или т.н. политичари кои климаат со глава и велат само да да да… Коалицијата СДСМ и ДУИ се што ветиле заборавиле, но не заборавиле да го потпишат штетниот договор со Бугарија, со кој историјата ни ја пишуваат токму Бугарите, како што е сега со таканаречениот предлог на францускиот предлог.

Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата во шест точки.

Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, четвртата точка е зголемување на даноците и петтата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца.

Бугарско оспорување на македонскиот идентитет, етничка припадност и јазик

Бугарија е длабоко поларизирано општество, кое нема речиси никаква допирна точка со европските вредности, на кои е основана и промовирана ЕУ. Затоа во европската јавност често се создава впечаток дека Бугарија “залутала“ во ЕУ. Бугарија стана европски центар за “сертификација“ на мафијата и криминалот и симбол на корупцијата.

Во моментов, Бугарија е сè што не треба да има предвид дека е членка на ЕУ и НАТО, што подразбира примена на највисоките демократски стандарди. Неодамнешната политичка корупција демонстрирана преку “купувањето“ на осум опозициски претставници – пратеници од БСП во бугарскиот парламент од страна на владеачкиот режим, односно партијата ГЕРБ, која сега ги поддржува ставовите на владејачката партија ГЕРБ, е илустрација на ситуација во земјата.

Сегашните бугарски власти сакаат да го “заверат“ идентитетот на Македонците и Македонскиот јазик. Во овој контекст, тие промовираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарски корени и имплицираат дека Република Македонија треба да даде официјална изјава дека Македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени. Незамисливо е во 21 век државата Бугарија како полноправна членка на ЕУ и НАТО да го оспорува идентитетот и јазикот на соседниот народ – Македонците. Србите и Црногорците, како два доминантно православни народи кои се етнички многу послични во однос на идентитетот и јазикот од Бугарите и Македонците, не ја оспоруваат меѓусебната етничка припадност, национален идентитет и јазик.

Бугарија не може и не смее да биде таканаречен центар за потврдување на идентитетот на Македонците и Македонскиот јазик. Тие потсетуваат на референците за Македонците како библиски народ (2 Mkb 8,20; 2 Kor 9,2; 2 Kor 9,4) и сугерираат дека може да се постави токму спротивното прашање. Поточно, дали Бугарите имаат македонски корени, односно ако Македонците се Бугари, зошто Бугарите да не бидат Македонци?

Барањето на Бугарија, Република Македонија да се откаже од постоењето на етнички Македонци кои живеат во Бугарија е “врвот на ледениот брег“, бидејќи Бугарија прикрива дека врши силен притисок врз етничките Македонци кои живеат во Бугарија да се изјаснат самите Бугари. Имено, се оценува дека бројот на етнички Македонци кои живеат во Бугарија е на површина од 10% од вкупното население на Бугарија. Во текот на неколку децении Бугарија има стекнато искуство во прикривање на фигурите на етничките малцинства, особено во однос на бројот на Турците кои живеат во Бугарија и нивната насилна асимилација преку промена на идентитетот, односно имињата и презимињата, и силниот притисок врз нив да се изјаснат како етнички Бугари. Националните и меѓународните организации поседуваат бројни докази за кршење на човековите права во Бугарија. На бугарските Турци им беа одземени правата преку политиката на насилна асимилација и масовно прогонство во 1980-тите, под режимот на комунистичкиот диктатор Тодор Живков. На пример, само во периодот од јуни до септември 1989 година емигрирале околу 340.000 етнички Турци од Бугарија во Турција. Ова беше етничко чистење, а не доброволна емиграција, како што беше претставено во тоа време.

Бугарскиот и Македонскиот јазик се два различни јазици за кои меѓујазичната комуникација бара толкување/превод, за разлика од, на пример, во случајот со српскиот и хрватскиот јазик за кои меѓујазичната комуникација не бара толкување/превод. Сите наведени јазици припаѓаат на индоевропското семејство на јазици. Оттука, не би било изненадување ако и бугарскиот се впушти во процес на “сертификација“ на индоевропските јазици?

Доколку Бугарија навистина верува дека припаѓа и е посветена на ЕУ, дека преку членството во ЕУ ги негува своите вредности, тогаш треба да работи на афирмација на Македонците кои живеат во Бугарија, кои според оценките сочинуваат 10% од вкупниот населението на Бугарија и Македонскиот јазик, бидејќи богатството на различности ќе отвори нова европска перспектива за Бугарите и Македонците, како и за другите етнички заедници кои живеат во двете земји.

Сè друго го отвора прашањето што прави Бугарија во ЕУ, Советот на Европа (СЕ) и другите меѓународни организации кои ги застапуваат и кодифицираат правата на етничките малцинства како еден од столбовите и основните вредности на модерните општества. Бугарија стана членка на ЕУ во 2007 година само благодарение на компромисот и сè уште е под стандардите поставени од ЕУ.

Бугарија и Грција делуваат “синхронизирано“ против Македонија

Се очекуваше дека со решавањето на спорот со Грција за уставното име на државата беа надминати сите пречки за натамошен напредок на земјата. Сепак, Бугарија смисли нови причини за спор и бугарскиот парламент усвои заклучоци што имплицираат во форма на официјално барање до ЕУ дека отворањето на пристапните преговори со Македонија треба да биде блокирано, додека не се појават сите “спорни“ прашања поврзани со Македонскиот јазик и идентитетот се решаваат и стигна од Бриел, Предлогот на макрон, и покрај националната македонска корпа, стигна ѓомити нешто поубаво, но за жал ист производ само во поинакво пакување. Тоа се за жал европските вредности и стандарди! Зарем Моне и Шуман оваа би го прифатиле или би го предлагале за доброто на сите и на Европа?

Се очекуваше за време на германското претседателство со ЕУ да се реши прашањето за блокирање на почетокот на пристапните преговори, бидејќи досега беше практика земјите членки да ги решаваат споровите и отворените прашања билатерално, додека процесот на пристапување кон ЕУ се развива паралелно и непречено.

Откако Република Македонија ја стекна својата независност во 1991 година, Бугарија и Грција како нејзини соседи дејствуваат како “добро дотеран“ тандем. Имено, тие го користат моделот на доделени улоги за да ги активираат и генерираат нивните барања, да поставуваат услови и да ја блокираат Македонија.

Однесувањето на Бугарија и Грција кон Македонија потсетува на однесувањето на Србија и Хрватска кон Босна и Херцеговина, бидејќи двете земји последователно создаваат проблеми, поставуваат различни форми на услови и вршат притисок врз Босна и Херцеговина. Дали и ова со макронова формула на мускули ќе се донесе и Македонија, јазикот идентитетот и се по ред во неврат ќе ја однесе?! Или кажано со два збора, Веќе видено или Deja vu!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...