0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаКОЈ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ АЈВАР ЗИМАВА!? ТЕГЛА ВО МАРКЕТ СТИГНА И ДО...

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ АЈВАР ЗИМАВА!? ТЕГЛА ВО МАРКЕТ СТИГНА И ДО 400 ДЕНАРИ?!?

spot_img

Сезоната на подготовка на зимница е во полн ек. Ако порано подготвувањето на зимница беше традиција, последниве години таа како полека да изумира. Изборот меѓу домашно подготвената и купената зимница, македонските домаќинства го решаваат по детално пресметување на неколку фактори, меѓу кои најважни се цената, времето и трудот. Ајварот, кој е традиционално наш највкусен специјалитет, претставува долг и макотрпен процес на подготовка, поради што многумина го избегнуваат и се определуваат за готов ајвар што може да се купи во продавница.

Порталот Пари направи анализа на цените на ајварот, кои последниве години постојано растат, а годинава стигнаа и до фантастични 400 денари за тегла ајвар. Така, на пример, тегла „Баш ајвар“ од 660 грама во маркетите низ градот чини 189 денари, додека пред пет години тегла од овој ајвар чинела 130 денари. Лутеницата на „Дием – ГП“ од Гевгелија пред 5 години чинела 90 денари, а сега чини 130 денари. Тегла ајвар „Мамас“ од 550 грама во маркетите чини 364 денари, лани чинела 264, а пред пет години 246 денари. Слична е цената и на малиџаното од овој бренд, кое пред пет години чинело 240 денари, а сега ќе платите над 300 денари за тегла од 550 грама. Тегла ајвар на „Подравка“ од 530 грама чини 209 денари, додека во 2017 година чинела 120 денари. Сега, толку чини една мала тегла од 290 грама. Ајварот на „Випро“ од 660 грама чини 227 денари, а тегла лутеница од 580 грама 189 денари, додека пред пет години ајварот чинел 150 денари, а лутеницата 100 денари. Нешто поевтин е ајварот на „Делиција“, кој го има во Стокомак, каде тегла ајвар од 720 грама чини 205 денари, лани чинела 149 денари, а пред пет години околу 100 денари. Лутеницата од овој бренд е 150 денари, лани била 120 денари, а една година пред тоа 99 денари за тегла од 720 грама.

Освен цените, различни се и вкусовите на ајварот и лутеницата. Така на пример, некој ајвар е покисел, некој поблаг, некој потечен, некој со повеќе пипер, а во некои, пак, има повеќе додатоци, како црни или црвени домати. Но, секако, за вкусовите не се расправа и секој ќе си го најде оној што му одговора и според вкусот и според цената.

Од Македонската асоцијација на преработувачи, велат дека зголемените цени на ајварот и на другите видови зимница се должат на зголемените откупни цени на суровината ‒ зголемени се цените на сите репроматеријали: тегли, капаци, кеси, картони, оцет, шеќер, конзерванси…

– Секако дека ќе има зголемување на цените на зимницата: ајварот, лутеницата, малиџаното, мармаладите, џемовите, слатката… Освен зголемените цени на струјата и на основната суровина – црвената пиперка, зголемени се цените и на сите репроматеријали кои се користат во преработувачката индустрија: тегли, капаци, кеси, картони, оцет, шеќер, конзерванси… Секоја компанија ќе види колкави ѝ се трошоците и за колку ќе ја зголеми цената на своите производи, но зголемување на цените секако ќе има, вели Сашо Ристески, претседател на Македонската асоцијација на преработувачи.

Цената на „ајварката“ последниве години постојано расте. Пред пет години се продаваше од 17 до 20 денари за килограм, во 2018 година од 23 до 25 денари на големо, односно по вреќа, па дури и до 30 денари на мало, односно во маркетите. Во 2019 година се продаваше од 30 до 40 денари, лани од 40 до 50 денари, а годинава од 50 до 80 денари за килограм. Освен ајварката, значителен пораст има и на цената на маслото за јадење. Така, цената на еден литар масло за јадење во 2017 година била 60 денари, во 2020 се качи на 75 денари, а последниве две години граѓаните постојано беа шокирани од честото менување на цените на маслото, кое од 95 денари за литар, колку што беше лани, достигна неверојатни 170 денари годинава….

За повеќе детали Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...