7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСе уште нема траг од мајката и ќерката од Куманово, семејството се...

Се уште нема траг од мајката и ќерката од Куманово, семејството се сомнева на најлошото!

spot_imgspot_img

Од 28-ми август немаме никаков контакт со нашата 7-годишна внука Елиф Идиќ и со нејзината мајка Сабина Сабединовска (32).

Го нема ниту новиот сопруг на Сабина, извесен Дехран Камберовски, со кого таа се омажи пред осум месеци. Се сомневаме на најлошото, дека тој им направил нешто, затоа што никогаш во минатото не се случило да ги нема со денови, а сега и повеќе од еден месец – за ,,Фокус” вели Шабан Идиќ, чичко на Елиф.

Неговиот брат, таткото на Елиф бил во Германија, но и тој бил загрижен за судбината на неговото дете и поранешната сопруга.

Како што појаснува чичкото, и семејството и полицијата трагаат по Елиф и нејзината мајка. Случајот бил пријавен во полиција уште на трети септември, а она кое најмногу ја загрижува фамилијата Идиќ е дека новиот сопруг на Сабина, Дехран, и во минатото ја малтретирал, па се сомневаат дека им направил нешто лошо.

На почеток мислевме дека можеби ги киднапирал, сега се сомневаме на најлошото. Многу време помина, каде и да беа, ќе се најдеа… Дехран по потекло е од Србија, дојде во Куманово да чува овци, а откако пред осум месеци почина мајката на Сабина, со која таа и Елиф живееа заедно, тој се всели кај нив и се ожени со Сабина.

Од она кое го знаеме за него, тој веќе бил сторител на кривични дела во Србија. Имаме неофицијални сознанија дека се бара со потерница, од полицијата не ни откриваат детали.

Иако мојот брат се разведе со мајката на Елиф пред три години, нашето семејство остана во постојан контакт со неа, секоја втора недела Елиф беше кај нас. Таа требаше да тргне на училиште на први септември, ние сме многу вознемирени и бараме одговори. Се работи за дете и жена, ние очајно бараме било каква информација за нив!- вели чичкото.

Додава дека Дехран се претставувал на социјалните мрежи како Виктор Викторовски. На неговиот профил, на кој последната објава датира од 14-ти август, се уште стојат заеднички фотографии со Сабина. И последната објава на профилот на Сабина исто така датира од 14-ти август.

На страницата за исчезнати лица на МВР пак, се уште не се објавени фотографии и податоци за мајката и ќерката кои ги нема повеќе од еден месец.

Во име на целото семејство, чичкото апелира доколку некој нешто знае за случајот, или пак има детали каде би можеле да бидат Елиф и Сабина, но и Дехран, веднаш да ја контактира полицијата.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...