16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаСуратите спремни: Се е подготвено за Вевчанскиот карневал

Суратите спремни: Се е подготвено за Вевчанскиот карневал

spot_imgspot_img

СУРАТИТЕ се спремни за дефилето на 13-ти јануари. Бината е наместена и на 12-ти и 13-ти на сцена се МУЗИЧАРИТЕ, велат организаторите на Вевчанскиот карневал.

Традицијата стара векови и милениуми продолжува и оваа година, исто како во исконските времиња кога Василичарите од горна и долна маала, покрај традиционалните маски на Глупи Август, Зетот и Невестата и Ѓаволите, во дефилето ги исмеваат и актуелните политички случувања, низ звуците на зурли и тапани и со тоа ги бркаат лошите духови, односно злото, за да ја пречекаме Новата година прочистени и среќни.

Карневалот започнува уште од утрото на 13-ти, кога во Василичарските конаци почнуваат да се собираат Василичарите и музичарите, околу пладне сите маскирани одат на влезот на Вевчани, и од тука започнува Василичарското дефиле, односно околу 14:30 часот, поворката почнува да се движи нагоре кон центарот на Вевчани. Поворката ја водат маскираните во Глупи Август и Ѓавол, тие со специфичните движења и крици прават ред и место за Василичарите, по нив следат музичарите, зетот и невестата, а потоа сите василичари. После Василичарското дефиле, зетот и невестата од Горна и Долна Маала ги посетуваат сите домови во Вевчани, посакуваат здравје и бериќет во новата (СУРВА) година, а домаќините ги даруваат. Дарувањето во минатото било со луканци, леб и пари. Ноќта на 13-ти наспроти 14-ти, се оди на вода во Вевчанските извори. Се верува дека ноќта спроти празникот водата на изворите е света и лековита. Во минатото жителите на сите околни села независно од верата доаѓале на изворите и полнеле од водата.

На Василичарите им се придружуваат и домаќинките кои носат летургија (леб) и ќиска од босилек, дрен и василичарка (бодликаво растение кое е симбол на Вевчани). Полнат вода со која утрото на 14-ти замесуваат Кашаник (пита печена под сач).

На 14-ти денот на Св. Василиј, Василичарите одат на визита (именден), кај сите што го носат името на светецот, а потоа во центарот на Вевчани се собираат сите василичари и музичари, заедно го играат Василичарскито оро и ги палат маските, што симболизира злото да не се повтори во новата година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...