27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЖан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега

Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега

Доктор Жан Митрев пред околу еден месец дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега, а како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство.

Пред два месеци од обвинителството информираа дека е донесена наредба за истрага против Митрев, поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација.

Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80% од пријавените оштетени.

Извор: Фокус

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...