3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаКолумниОтворено писмо-ЧИСТЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ, КЛИЕНТЕЛИЗМОТ И КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА?!

Отворено писмо-ЧИСТЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ, КЛИЕНТЕЛИЗМОТ И КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА?!

spot_img
Отворено писмо до американската амбасадорка во Македонија Н.Е. Анџела П. Агелер
ЧИСТЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ, КЛИЕНТЕЛИЗМОТ И КОРУПЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА?!
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ
Ваша Екселенцијо, радува вашата одлучност да се стави крај на корупцијата во Македонија, во било која форма: непотизам, политичко влијание, фаворизирање при вработување или потпишување договори итн. Испративте многу јасна порака до сите политичари и функционери во Македонија. За жал, мојата Македонија стана хибридна држава, или протекторат, иако по уставна дефиниција е независна и демократска држава со сите атрибути: име, идентитет, јазик, знаме, грб… Но, сите овие атрибути Македонија ги изгуби на нечесен начин, поради одродници, предавници и клиентелисти! Радува вашата изјава во Музејот на македонската национална борба, објавувајќи војна на сите негативни појави во Македонија кои царуваат во изминатите 30 години, додавајќи дека најгорливото прашање на Балканот и во Македонија е корупцијата!
Почитувана амбасадорке, нашата цивилизација, патем четврта по ред, досега нема одговори на две суштински прашања: Од каде доаѓаме? И, Каде одиме? Во овој контекст е и прашањето за ДНК на Mакедонците. Езотериците сметаат дека комплетното декодирање на македонската ДНК сериозно ќе помогне да се одговорат овие две прашања.
Да, амбасадорке Агелер, Македонија има доста интелектуалци со висок коефициент на интелегенција, кои не треба да се стават на исто рамниште со оваа “багра“ политиканти, кои политиката ја практицираат како топ-тан дипломатија – политика и економија!
Велат, секоја држава си има своја “мафија“, ама во Македонија “мафијата си има своја држава“! Смачено ми е од вакви фрази, без никакви мерки за спречување и сузбивање на штетните влијанија или разузнувачки активности на политикантите кои се однесуваат како локални шерифи, бандити и криминалци!
Минатото и искуството на САД во справување со криминалот и криминалците во нашата меморија е Елиот Нес и неговата упорност во доследно спроведување на законите во борбата на криминалот и криминалците во сите облици Нели? Во Македонија владее парадоксот: Корумпираните на власт, наместо да се соочат со Законот, силно довикуваат “држте го крадецот“! И веднаш етикетата на самозаштита, корумпираните на власт биле за евроинтеграциите, а опозициоерите НЕ!
Затоа, уште еднаш: Добре дојде амбасадорке, веруваме во силната логистичка поддршка од САД на надлежните во Македонија, конечно да се справат со најголемото зло во Македонија – корупцијата!
Стејт Департментот одвои 5 милијарди долари за борба против криминалот, корупцијата и девијантните појави на Балканот, Центарот за оваа операција ќе бил во Македонија. Оттука и надежите во новонаименуваната американска амбасадорка во Македонија! Помогнете ни’!
Не смее да се запостави и нацрт Законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, предложен од претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој заедно со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предложија под итно да се избере Техничка влада со цел да ја зачува државата Македонија и да подготви предвремени избори кои неодложно итно се потребни!
А, бидејќи Македонија одамна е земја на чудата, го доби и првиот обвинител за организиран криминал, како Алиса во земјата на чудата – Ислам Абази од родното место на Али Ахмети! Ислам Абази е новата “Алиса во земјата на чудата“! Истовремено, Ислам Абази е старото лице на корумпираното Јавно обвинителство на Македонија!
Кога сме кај Алиса во земјата на чудата и изборот на новиот “шеф“ на обвинистелство за гонење на организиран криминал во Македонија, не смееме да го заборавиме изборот на парламентарниот спикер Талат Џафери, кој каубојски владее во Собранието два мандати со благослов на СДСМ!
И наместо Македонија да го фаворизира производството на органски зеленчук и овошје, мајчината душица или кантарионот, богородичното цвеќе, бидејќи сме земја на сонцето и здрава клима, имаме легализација на дрогата канабисот и станавме Колумбија на Балканот, во која секој криминалец од меѓународен формат наградно добива и македонски пасош од корумпираната власт! Зарем, ова ќе го толерирате амбасадорке?
Впрочем и вашиот став оди во таа насока: “Ние, во Амбасадата на САД, секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари за обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителството, судството или било која друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние кои се вмешуваат со вршење притисок, закани или коруптивни зделки на ‘мала врата’, треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните!“ Амбасадорке, сосема сте во право! Но, оваа девастирачка коалиција на власт нема слух дека треба веднаш да си замине! Сите Македонци, по род и државјанство, не се задоволни од ваквото каубојско владеење!
Тоа што сакам да го нагласам е и притисокот кој се прави врз народот дека, по секоја цена треба да се самоизбрише и самоуништи, мислам на арогатниот однос на второто полувреме, или Димитар Ковачевски кој безобразно врши пресија или присила врз целата јавност дека, треба да се извршат уставни промени за исполнување на желбите на Софија: Бугарите да влезат во македонскиот устав и тоа асиметрично, без истото да го стори Софија со Македонците во Бугарија!
Не ни е сеедно кога гледаме на ТВ или во пишаните медиуми како се испорачуваат “наредби“ од страна на ЕУ и останати кон Македонија, да се прави ова или она! Македонија по Устав е сувњрена и самостојна унитарна и независна држава која според проценките на Арбитражната комисија на Бадентер, уште во 1992 ги исполнила критериумите за влез во евроатланските интеграции. Тоа беше официјален став на оваа референтно тело на ЕУ претставувано од уставниот судија Роберт Бадентер. А, што имаме ние од 1992 до денес? Само условувања, марионетски влади, криминални активности на премиерот и министрите, кои за исполнување на “домашните задачи“ или клиентелизмот, добиваат се’ што ќе посакаат за лични и бедни интереси, а богами тоа не се обични напојници туку “мрсни“ конта лоцирани низ целата планета, каде никој нема да ги допре! Се разбира, Македонија не е ќорсокакот на светот, или слепото црево, туку напротив “папокот на светот“! Токму вистинскиот коридор низ кој поминуваат цивилизациските вредности, истории и геополитика!
Македонија уште 1995 требаше да стане полноправна членка на НАТО и тоа без никакви условувања. Тоа во Вашингтон го соопшти претставникот на Советот на Американскиот национален институт Нордингер, кој на брифингот јасно кажа дека, доколу го дадеме на рента најдобриот тренинг центар во Европа – Криволак на НАТО за солидна “кирија“, со што ќе се релаксира јужното крило на НАТО и се размести 120 км северно од Солун, Македонија уште тогаш ќе станеше полноправна членка на НАТО! Впрочем, САД се вистински стратешки партнер на Македонија, со сериозна логистичка и севкупна поддршка кон Македонија!
Затоа, еве ве поканувам посетете го Македонскиот народ, впрочем и мој комплимент за доброто познавање на македонскиот јазик, а тоа ќе ви ги олесни работите, во блиските контакти со гласот на народот! Да, така се вика и мојот проект “Гласот на народот“ кој верувале или не, веќе шест години е надвор од секој медиум и можност да се слушне во етерот или медиум! Забрана или non passaran за авторот односно новинарот на овој прокет, во кој и каде што се зборува за вистината и доброто за сите во Македонија и надвор од неа.
Јас ја поддржувам позитивната политика на САД кон Македонија, а таква политика ја имаме уште од 1914, во времето на Вудро Вилсон, американскиот претседател кој даде целосна поддршка за Автономна и независна Македонија и ја поддржуваше камањата на Македонците уште кон крајот на 19. век во нивните активности ширум САД. Тоа Македонците не го забораваат.
Како новинар неколкупати, по препорака на видни американски политичари, ги следев американските претседателки избори 1996 потоа во 2000 година, како и во 2012 и 2016 и на кои, во разговор со високите претставници на Стејт департментот како што се Ричард Холбрук, Метју Нимиц, Сајрус Венс, Медлин Олбрајт, секогаш со почит кон мојот народ Македонски и земја Македонија, ги застапував интересите на Република Македонија, но од друга страна клиентелистичката или девастирачката власт и политика ставаа забрани или рампи за имиња и проекти како што е “Гласот на народот“. Едновремено е навестено, опозициони партии веќе подготвиле преку 1000 амадмани на владиниот предлог Закон за финансирање на медиумите, дека се подготвува “купување“ на новинари и медиуми во заштита и кампања на политиките на оваа корумпирана коалициска власт СДСМ-ДУИ. Дали се согласувате со ова амбасадорке Агелер?
Да, тоа е клиентелизмот на првото полувреме Зоран Заев и сега второто полувреме Димитар Ковачевски. Македонија не смее да има вакви клиентелисти и политиканти кои имаат вродена маана за клептоманство, предавство, одронички амбиции и непатриотизам!
Македонија има безброј генијалци интелектуалци, распрскани низ целиот свет, со работа во најреферентни компании по светот или светски брендови, претставувајќи ги државите САД, Германија, Франција, Англија и уште колку ли не! Таков е македонскиот производ и македонскиот ген, за жал некому тоа му пречи!
Генот на Македонецот не е криминалот, корупцијата или клиентелизмот! Чесниот Македонец е привилегија и реткост за почит, така е запишано во историјата и делата. Македонецот и Македонија 31 пати се спомнуваат во Светото Писмо – Библијата, потврдуваат делата на апостол Лука! Тоа не е фикција или измислица, тоа се факти! И затоа велам дека, вистинскиот и праведниот Македонец не краде, не лаже, не предава сопствен народ и држава, не го продава името идентитетот, јазикот, културата и историјата на својот народ!
Суштината на ова отворено писмо е надежта која јас лично како име и презиме ја имам кон вас, секако и кон вашата влада, која одвоила околу 5 милијади долари за борба против криминалот, корупцијата и целиот лошотилак на Балканот, логистичкиот центар на таа операција ќе бил во Македонија. Секоја чест ваша екселенцијо, вам како прв човек на “Калето“ и на вашата влада!
Вам и на официјален Вашингтон Ви се потребни чесни и достоинствени политичари, а не политиканти и клиентелисти со искривена кичма! Нив ги има во Македонија, но за тоа потребни се брзи и неодложни предвремени парламентарни избори заради чистка на корумпираната марионетска влада!
Во Македонија е време на Третиот пат, а не за поддршка и реинкарнација на Третиот рајх како што го имаме сега со давање виза на отварања на бугарски клубови кои носат имиња на најозогласени фашистички окупатори и убијци на македонскиот, еврејскиот, српскиот, ромскиот и другите народи: Борис Трети, Иван Михајлов, во зародиш и Цар Фердинанд.
Третиот пат на македонското политичко небо ќе овозможи крај за уценувачки или девастирачки коалиции и ослобдување на Македонија од заробеност или поробување на институциите на ситемот како што ја имеме сега во моментот од политичка партија на Албанците која наметнува ултиматуми, а со тоа се посегнува по севкупниот политички национален и економски интерес и интегритет како држава претворајќи ја како оаза на криминал, корупција, клиентелизам и секако на штета на Македонскиот народ по род и државјанство! Тоа подразбира под итно, предвремени парламентарни избори! Потребни се измени на изборниот законик со можност отповикување на пратениците, забрана на етнички партии, право само на граѓански партии! Потребно е пратенички статус не повеќе од еден мандат, потекло на имот и конфискација, полиграф и психо тест за секој политичар, функционер или директор. Македонија една изборна единица! Реизбор на шеф на ОЈО за ГОКК. Впрочем и вие изјавивте дека граѓаните заслужуваат независен правосуден сектор и дека политичкото мешање нема место во овие постапки.
Предлогот на опозицијата, шеф на ОЈО за ГОКК да се избере лично од самите обвинители,  беше само лакмус тест да се потврди колку партиите, во случајов коалицијата СДСМ и ДУИ имаат влијание и креација на судскиот систем, врз изборот на судиите и обвинителите. Ваква држава, со ваква криминогена корупциска и клиентелистичка власт не заслужува ништо друго освен да си дадат колективна оставка и да се организираат итни парламентарни избори со нови и способни лица, неинкриминирани во ниту еден случај. Никако за старо нови фаци повторно во политиката, кои зад себе имаат дебело криминално и коруптивно досие!
Таква поддршка бараме од САД и ЕУ, а не инсистирање на уставни промени и разнебитување на Македонија по секој основ!
Ваша Екслеленцијо, Ви посакувам добро здравје, успех во работата и животот:
Добредојде амбасадорке, веруваме дека ќе помогнете во чистењето на криминалците и криминалот, како и со клиентелизмот и корупцијата во Македонија!
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...