21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаНов скандал во АНБ: Вработена што ниту вози, ниту има возачка дозвола,...

Нов скандал во АНБ: Вработена што ниту вози, ниту има возачка дозвола, треба да плати оштета за сообраќајка?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

После случајот Олександр Онишченко, нов скандал ја тресе Агенцијата за национална безбедност, овојпат поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, дознава Слободен печат.

<

За случајот се дознало, кога на една од вработените и стигнала опомена дека извршител ќе и наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа ,,учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ. Но, вработената ниту вози автомобил, ниту има возачка дозвола, ниту знаела дека сообраќајката е направена.

Единствено, автомобилот бил регистриран на нејзино име, а тој што го возел, кога ја направил сообраќајката во европскиот записник ги дал нејзините податоци, односно податоците од сопственикот на автомобилот. Потоа на тој фалсификуван записник, продолжил и да ги плаќа оштетите од сообраќајката на име на вработената. Вработената без возачка дозвола била повикана од осигурителна компанија за да плати пари за сообраќајката за која таа првпат слушнала тогаш.

Со случајот според наши информации се занимава внатрешната контрола на Агенцијата откако вработената решила да пријави дека била предупредена дека извршител ќе и ги наплати парите од лична сметка како штета од европскиот записник. Таа пријава покажува дека проблемот е службен, на АНБ а не нејзин личен. Се дознало дека не само овој, туку и други автомобили наместо да бидат регистрирани на име на службата, регистрирани се на лични имиња на поединци внатре, што остава простор за злоупотреби за неслужбени работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...