2.4 C
Ohrid
четврток, јануари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски згрме: Нема да дозволам како министер некој да го понижува македонскиот...

Спасовски згрме: Нема да дозволам како министер некој да го понижува македонскиот народ.

spot_img

Министерот Спасовски денес на социјалната мрежа Твитер кажа дека нема повеќе да дозволи некој да си поигрува и и да го понижува македонскиот народ.

Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повикот на социјалните мрежи упатен до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје.

Апелирам до сите на едно мирно, достоинствено чествување, а државата, МВР и безбедносните служби се тука да направат се и да обезбедат мирни услови, потенцира Спасовски.

Министерот рече дека имаат секојдневни активности МВР и агенциите и дека се формира посебен штаб за оваа активност.

– Апсолутно нема да дозволам како МВР понижување на македонскиот народ и држава, најмалку да не понижи некој кој доаѓа од надвор. Ние сме народ кој е гостопримлив, кој знае да укаже чест и почит, но таа чест и почит мора да ни биде возвратена. Нема да дозволиме дома некој да ни дојде за да не понижува. Во тој дел институциите работат и прибираат информации, нагласи Спасовски во емисијата „Утрински печат“.

За тоа дали европратеникот Ангел Џамбаски ќе биде прогласен за персона нон грата, Спасовски рече дека ќе ја носат одлуката кога ќе дојде време за тоа.

– Одлуките не се прејудицираат, посебно во делот на безбедноста. Не може да ги кажете плановите и да излезе во јавност и така да се отвориме пред сите. Тоа можат да го прават неодговорни политичари. Институциите ќе работат сериозно врз основа на сите сознанија, ќе бидат вклучени сите сектори задолжени во овој дел за на крајот да ја постигнеме целта, а тоа да биде со мир, стабилност и безбедност за нашите граѓани и држава, рече Спасовски.

Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...