15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција -власта...

Мора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција -власта секое утре се буди со извинување кон Бугарија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Власта да не се однесува како бугарска провинција и да преземе мерки за европратеникот Ангел Џамбаски доколку тој планира провокации на 4 февруари, побара поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров во „Утринска“ на Телма.

<

Тоа се територијални претензии и мора да се однесуваме како држава, а не како бугарска провинција и апсолутно целосно легитимно е да преземеме мерки, но сè потекнува од првото – да се соочиме дека ќе има проблеми со Бугарија ако се преправаме дека не постојат, искоментира Димитров.

Тој ја искритикува власта дека секое утре се буди со извинување кон Бугарија.

Нас ни треба пред сè да избегаме од оваа панична автоцензура, во која ќе треба денот да го започнуваме со извинување кон Софија, Треба да се смириме, да седнеме широко и да видиме како да излеземе од овој чвор. Немаме правна гаранција дека ова воопшто води кон ЕУ, нека влезе некој европски олеснувач да седне со историчарите, ако Бугарија има црно на бело дека ние сме вештачки (вештачка нација), па Берлин и Париз нека дадат свои официјални изјави дека се радуваат дека еден ден македонскиот јазик ќе стане дел од ЕУ. Ова со амандманите е врзано со негацијата, да разговараме и за Бугарите во Уставот, но да влезе во сила кога ќе станеме членка во Брисел, нафрлуваше Димитров.

Во критиката кон власта, тој дополни дека таа не се труди да добие некакви гаранции за тоа со што би завршиле бугарските условувања.

Нашата власт се однесува неодговорно кон својот народ, бидејќи не се потруди да добие некакви гаранции дека ние имаме некаква цел. Европа не ги испорача своите верувања и ние имаме одговорност спрема нашиот народ, дека имаме пакет што ќе има некаква смисла. Ние сега немаме таков пакет. Почнавме преговори, или не почнавме преговори? Комисијата на историчарите ќе биде услов или нема да биде услов?, прашува тој.

Поранешниот дипломат вели дека и кога бил официјално министер, не молчел за овие проблеми.

Кога немате аргументи, фрлате лично дрва и камења, но да се вратиме на суштината: од Стразбур во дебата со Захариева сите мои настапи биле на овие принципи. Еднаш за 11 Октомври во Прилеп кажав дека ако е цената јазикот и македонскиот идентитет – нема ЕУ. Тоа го кажав како член на Влада, рече Димитров.

Поранешниот министер вели дека не може да разбере зошто одеднаш власта да се откаже од македонските позиции.

Европската перспектива има три предизвици – Бугарија со оваа амбиција, наместо да ни бидат вистински пријатели тие отворено станаа непријатели, второ- неспремноста на политичките партии кои се однесуваат како дуќани со корупција, партизација, клиентелизмот и капацитетот да се спроведуваат европски политики дома. Владата мавта со знамето на ЕУ а дома не одалечува и третиот предизвик – не само што нема брз воз, туку нема воз а и шините се подизместени. Имаме неизвесност од ЕУ, неизвесност од бугарска страна и немаме политичка волја од нашите политичари да работат дома. Илузија е дека некој од надвор ќе дојде и дека ќе ги бере нашите гајлиња, тврди Димитров.

Тој порача и дека како член на Владата се залагал да се решат и други проблеми, надвор од дипломатијата, но дека како поединец немал доволно моќ и влијание.

Бев против легализација на дивоградби, на вили од милиони евра во националните паркови, приватизација на надлежности на Царина, повеќето битки ги губев, но бев само случаен политичар -активист без своја парламентарна група, истакна Димитров.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...