18.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорите на тетовската болница Бесими и Етеми и заменик-министерот Хасани поднесоа оставки

Директорите на тетовската болница Бесими и Етеми и заменик-министерот Хасани поднесоа оставки

spot_imgspot_img

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми попладнево поднесоа оставки по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица.

Бесими на својот фејсбук профил напиша дека по ваков трагичен и немил настан, ваквата одлука е неизбежна.

– Со неисцрпна болка за секоја жртва и секој член на семејството, ве известувам дека поради моралната одговорност што ја чувствувам, поднесувам оставка од функцијата директор на Клиничката болница во Тетово. По ваквиот трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна. Во исто време, се надевам дека целосната истрага ќе заврши што е можно поскоро и ќе се разјаснат причините за пожарот во модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Ковид-19, напиша Бесими.

И економскиот директор Артан Етеми соопшти дека поднесува оставка од морални причини.

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, напиша Етеми.

Веднаш по нив, повлекување од функцијата најави и заменикот-министер за здравство Илир Хасани.

Оставката, како што пишува во фејсбук статусот, ја поднесува од морални причини.

– Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во овие моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството, напиша Асани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...