20 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПратеничка за 11 месеци наплатила 9.000 евра за патни трошоци, а има...

Пратеничка за 11 месеци наплатила 9.000 евра за патни трошоци, а има два стана во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во изминатите 11 месеци, и покрај тоа што во имотниот лист навела дека има два стана во Скопје, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска од Битола наплатила 550.000 денари (околу 9.000 евра) за патни трошоци од Собранието, објави „Сител“. Телевизијата ги истражуваше надоместоците за патни трошоци кои од државата ги наплатиле пратениците во изминатата година.

<

Вкупно 73-ца пратеници лани побарале и добиле пари за да им се исплатат трошоците за патот до работното место, а тие наплатиле вкупно околу 360.000 евра од државата за овие трошоци. Од нив, осуммина пријавиле дека имаат станови во Скопје.

Според истражувањето, Лозановска за 11 месеци добила над 550.000 денари, и покрај тоа што поседува два стана во Скопје – едниот, од 74 квадрати, се води на име на нејзиниот сопруг, а другиот е заведен под „имот на деца“ и е со површина од 54 квадратни метри.

Од Лозановска не е далеку ниту Панчо Минов од пратеничката група на СДСМ, кој наплатил 530.000 денари, иако неговата сопруга има стан во скопје.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 365.000 денари за патувањето од Скопје до Гостивар и обратно, иако нејзините родители имаат дури четири стана во Скопје, покажува истражувањето на „Сител“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...