25.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаСветБелорускиот нобеловец Алеш Бељацки осуден на 10 години затвор

Белорускиот нобеловец Алеш Бељацки осуден на 10 години затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир и активист за човекови права, Алеш Бељацки, денеска од суд во Белорусија е осуден на 10 години затвор.

<

Нобеловецот и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, што тој го основаше, беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ја потисна опозицијата во земјата и ги задуши сите независни медиуми.

Обвиненијата во судењето на Бељацки, што почна на 5 јануари, се поврзани со тоа што „Весна“ им давала пари на политичките затвореници и помагала да ги платат нивните судски трошоци.

Минатата година уапсениот активист беше прогласен за добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со руската група „Меморијал“ и украинската организација „Центар за граѓански слободи“.

Бељацки не можеше во декември да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, а во негово име на свеченоста зборуваше сопругата Наталија Пинчук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Секогаш ќе те сакам“: Ева Заева се прости од Душко Чифлиганец

Поранешната девојка на младиот бизнисмен Душко Чифлиганец, Ева Заева сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој подлегна на повредите по мото трката во Чешка....

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...