20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаАндријана Јаневска: Носев црвен фустан како симбол за детската крв која беше...

Андријана Јаневска: Носев црвен фустан како симбол за детската крв која беше пролеана во Ваташа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 26-то издание на забавната манифестација ,,Златна бубамара на популарноста” кое се одржа на 16-ти март, а синоќа се емитуваше на Канал 5 телевизија, годинава продефилираа голем број на јавни личности од повеќе области, но како најсподелувана снимка е онаа од настапот на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов.
Бура од емоции предизвика нивната точка, кога Андријана ја запеа ,,Ми заплакало селото Ваташа”, додека Игор во позадина ја рецитираше ,,Цветови”.

<

Овие дела се посветени на 12-те ваташки младинци, кои беа крвнички убиени од страта на бугарскиот фашистички окупатор, а нивната крв се уште е свежа, посебно во Тиквешијата, каде до неодамна имаше и живи сведоци на крвавиот пир, бидејќи настанот се случи на 16-ту јуни, 1943 година.

Околу целата подготовка на оваа точка, која допре до срцата на целата јавност, за ,,Фокус” Андријана раскажува дека идејата за целиот перформанс била на организаторот, Ранко Петровиќ.

Кога и ја кажал замислата, таа била воодушевена.

-Песната ја знам, но до сега ја немав пеено, т.е. ова ми беше прва изведба. На интернет најдов повеќе верзии, но се одлучив за верзијата на Кате од групата ,,Нели ти реков”.
Го гледав нејзиниот настап во емисијата на маестро Зоран Џорлев, и на тој начин ја учев песната.
Јас ја пеев во побавно темпо за да има време Игор да ги каже стиховите на песната ,,Цветови” – вели Јаневска.

Додава дека во меѓувреме била во постојан контакт со Дамир Имери кој го работел аранжманот за оркестарот и хорот Мирче Ацев.

-Откако го договоривме тоналитетот, со Ранко и Игор снимивме пробна верзија за да чуеме како ќе звучи. Бевме согласни дека ќе биде добро и според таа снимка и нотите кои ги подготви Дамир, хорот ја вежбаше партитурата под раководство на диригентката Јасмина Ѓорѓеска.

Еден ден пред настапот направивме заедничка проба во салата, кадешто сè течеше во најдобар ред. Се решив за црвен фустан како симбол на детската крв која беше пролеана во Ваташа.

Додека настапував немав трема, но сепак чувствував доза возбуда бидејќи, како сите Македонци, така и мене ме погодува текстот и мелодијата на песната. Мајсторската рецитација на Игор Џамбазов, како и моќната изведба на хорот, придонесоа песната да добие друга димензија и да ги допре срцата на секој родољуб кој си ја сака Македонија- ни изјави Јаневска.

fokus.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...