10.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаДа не го изградевме СЦ Борис Трајковски ќе немаше каде да се...

Да не го изградевме СЦ Борис Трајковски ќе немаше каде да се организираат посериозни настани од типот на Самитот на ОБСЕ

spot_imgspot_img

Да не го изградевме СЦ Борис Трајковски ќе немаше каде да се организираат посериозни настани од типот на Самитот на ОБСЕ кој се одржува денеска во Скопје, пишува на Фејсбук поранешинот премиер Никола Груевски.

– Салата во спортскиот центар Борис Трајковски денес заврши добра работа. Истата беше малку почната и подолго време заглавена, па кога дојдовме на власт од крајот на 2006 до 2008 година ја изградивме. Директор беше Борис Змејковски и заврши одлична работа. Експресно и квалитетно.
Но, на Скопје му е потребен конгресен центар и секако саем.

И двете треба или да го изградат приватни компании кои со договор со државата ќе се обврзат дека не можат да ја променат намената, или да се изградат со средства од буџетот и да останат како државни, бидејќи во држава со не толку многу настани секогаш приватниот сектор ќе најде нешто по профитабилно да се изгради на тоа место за поголема и побрза заработка. Лекциите со скопскиот саем тоа го говорат.
Нашиот план беше универзалната сала во Скопје, која тогаш ја преименувавме во Конгресен центар Александар Македонски а новата власт го врати старото име, паралелно со реконструкцијата да се доизгради и да се прошири, да добие нови покрај големата реновирана и четири помали сали за помали настани до 200-300 луѓе и повеќе од 10 соби за средби и состаноци на делагациите и учесниците на настаните. За таа цел бев пратил стручна екипа да ја проучи содржината и функционирањето во конгресниот центар во Даблин, Р.Ирска, каде претходно и јас бев во еден релативно нов и модерен конгресен центар, на еден организиран политички настан на европско ниво.

За таа цел направивме идеен и основен проект за развој на конгресен центар и обезбедивме пари во државниот буџет за 2017 година за почеток на изградба.

Нашиот план беше универзалната сала во Скопје, која тогаш ја преименувавме во Конгресен центар Александар Македонски а новата власт го врати старото име, паралелно со реконструкцијата да се доизгради и да се прошири, да добие нови покрај големата реновирана и четири помали сали за помали настани до 200-300 луѓе и повеќе од 10 соби за средби и состаноци на делагациите и учесниците на настаните. За таа цел бев пратил стручна екипа да ја проучи содржината и функционирањето во конгресниот центар во Даблин, Р.Ирска, каде претходно и јас бев во еден релативно нов и модерен конгресен центар, на еден организиран политички настан на европско ниво.

За таа цел направивме идеен и основен проект за развој на конгресен центар и обезбедивме пари во државниот буџет за 2017 година за почеток на изградба.
по некое препукување повремено од типот кој е крив заради тоа, владата или град Скопје, како и најави дека само што не почнала градбата и реконструкцијата. Мислам дека и проектот го менуваа.

Да не го изградевме СЦ Борис Трајковски, Филхармонијата и да не овозможивме градба на Салата Јане Сандански во општина Аеродором, ќе немаше каде да се одржи посериозен настан од ваков тип.

Планиравме изградба на уште еден конгресен центар во Охрид, го ставивме како ветување во програмата за изборите во 2016 година, а познато е дека ги реализиравме ветувањата, обезбедивме пари за проектирање, но настаните кои произлегоа од изборите во 2016 година значеа крај за овие проекти бидејќи новата власт брзо покажа дека е незаинтересирана за градење на Македонија.

Добро е што не го почнавме конгресниот центар, бидејќи ако го почневме и не го завршевме ќе го запреа со разни изговори и ќе стоеше оставен на забот на времето како многу други такви проекти.

На пример факултетот за физичка култура и факултетот за информатички технологии во Скопје, спроти Мавровка, исто како и зградата на ЕЛЕМ/ЕВН до Порта Макеоднија, објектот Пелагонија исто така до портата на кој се менуваше фасадата, турскиот театар во Скопје, кој уште стои во карабина, патот од Скопје до Сопиште преку Водно кој е готов од 2017 година но од необјасниви причини не го пуштаат во употреба, народната банка на Македонија веднаш зад МОБ и до МНР, кулата на Водно каде дури после 4-5 години застој продолжи работата, споменичната композиција Мајка Тереза на плоштадот Македонија, автопатот Кичево-Охрид кој се претвори во пародија на актуелната власт, експресниот пат Градско Прилеп, Штип-Кочани(делумно завршен), Ранковце-Крива Паланка со обезбедени пари од Светската банка, секундарната и терцијална гасификација на Скопје и истото за западна и источна Македонија со отворен повик за концесионер, хотелот од шест ѕвезди кој требаше да се изгради до плоштадот Македонија, катната гаража во Охрид дел од изборната програма во 2016год, жичарницата од средно Водно до Козле, технолошко-индустриските развојни зони во Радовиш, Делчево, Берово, Куманово, Општина Маврово – Ростуше, Гевгелија, развој на индустриските зони во Кратово и понатамошен разбој во Битола и Кавадарци, и повеќе други проекти.

Да не продолжувам со листата, да не ви правам мака и нервоза, оти и така ги имате. – напиша Груевски на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...