10.9 C
Ohrid
среда, ноември 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВнучињата за Нова Година ми останаа без подароци, исто така сакам да...

Внучињата за Нова Година ми останаа без подароци, исто така сакам да нагласам дека пиротехниката која беше во мојот автомобил, беше легално купена- Тврди Дрин Ахмети !!!

Обвинителството прво ќе го чека вештањето на запленетите пиротехнички средства во џипот на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна…
Пиротехниката која полицијата при претрес ја пронајде во возилото на Дрин Ахмети, младиот бизнисмен и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја набавил легално. Со вакво тврдење и без да сака да сподели повеќе детали, за порталот Скопје 1 излезе Дрин Ахмети. Тој не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе води правна битка.

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци. “

Сепак со Кривичниот законик држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера потврди дека во исвестувањето кое МВР го доставило до Јавното обвинителство е наведен членот 396 од КЗ.
Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Сепак последниот збор за тоа дали воопшто, или ако одговора Дрин Ахмети тоа ќе биде кривично или прекршочно, ќе го има Јавното обвинителство. Од таму и денеска не споделуваат нови детали за случајот освен дека се чека вештачење на доказите па ќе се носи одлука. Доколку се утврди дека Ахмети не сторил кривично дело тогаш на полицијата ќе и остане опцијата да поднесе прекршочна пријава. Законот за прекршувањата на јавниот ред и мир за употреба на пиротехнички средства предвидува парична казна од 100 до 250 евра. Дрин Ахмети беше уапсен ден пред Нова година во блисина на старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 750 парчиња пиротехнички средства.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Четврток ќе биде прогласен ден на жалост на територијата на Општина Охрид, поради смртта на Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј.

О Д Л У К А ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ ДЕН НА ЖАЛОСТ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД На 49. Седница на Советот на Општина Охрид едногласно...

Државата му исплати 50 илјади евра на Ален Зекиров поради 27 април

Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ, пишува Призма. Граѓанскиот...

80 годишен Битолчанец неколку пати се самозадоволувал на неговата тераса пред очите на комшивката !!!!

На 26.11.2024 во 11.20 часот во СВР Битола, 42 – годишна жена од битолско село пријавила дека нејзин сосед на возраст од околу 80...

Поставeни 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.

Поставивме 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија. Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (Фирми)...