16.5 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и...

Мицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг и во Берово, каде пред присутните се обрати и претседателот Христијан Мицкоски, кој му одговори на Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија.

<

Мицкоски му порача на Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата.

„Кое ЕУ господине Ковачевски??? Вие ли сте ЕУ кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа државава и со највисока инфлација. Албанија спрема вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие… каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете“, рече Мицкоски.

Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, такви само во затвор може да примат.

„Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од се прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред се. ЕУ е систем на правда и напредок“, истакна Мицкоски.

Вие, додаде Мицкоски, сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните.

„Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборите. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас ЕУ нема. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. Еу има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски.

Рече дека нивното време е одброено, дека поразот ќе им биде голем и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ, затоа се важни граѓаните и народот на Македонија и затоа многу е важно да има голема излезеност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...