8.4 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонија„Заедно да ги задржиме младите во државата“ – Грковска и Мојсоски порачаа...

„Заедно да ги задржиме младите во државата“ – Грковска и Мојсоски порачаа младите да ја вратат довербата во институциите

spot_imgspot_img

„Потребно е да се обединиме сите заедно и со заеднички пристап да ги задржиме младите и да им ја вратиме довербата во институциите“, порача заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска на денешната панел дискусија на тема: „Младински политики – потреби, можности и предизвици“. Грковска рече дека како Влада нема да се откажат од намерата да ги подобрат состојбите во државата до степен што поголем дел од младите ќе се одлучат да останат во државата и тука да ја градат својата иднина.

„Изминатиов период откако ја презедов позицијата заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење имав многу средби со млади, со студенти, средношколци, со млади луѓе кои го дооформиле своето образование и кои стануваат дел од пазарот на трудот. Имав средби и со претставници на политички партии кои што исто така имаат важна улога во дефинирањето на идните политики и мерки меѓутоа исто така и во нивното спроведување. И верувајте ми дека сите млади, независно од кој крај на државата доаѓаат или од која етничка или религиозна припадност се, се соочуваат со истите предизвици, ги делат истите стравови и сите посакуваат просперитетна и успешна иднина“, вели Славица Грковска.

Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека колку повеќе им оставиме простор и ги зајакнеме позициите на младите денес, толку подобра ќе биде нивната иднина утре.

„Ние на младите гледаме како инвестиција и ресурс во модерно општество, не како проблем. Агенцијата за млади и спорт како надлежна институција за млади, посветува сериозно внимание и постојан приоритет на младите да бидат вклучени во процес на донесување на одлуки, но и во секоја линија активно да учествуваат, не само во креирање на политики кои произлегуваат во рамки на Агенцијата за млади и спорт, туку да бидат слободни во тоа што го прават“, додава Наумче Мојсоски.

Постојаниот претставник на УНДП за Република Северна Македонија, Армен Григориј, рече дека УНДП ќе продолжи да дава поддршка за младите и младинските организации.

„УНДП глобално, во регионот но и во Северна Македонија ќе продолжи да дава поддршка на младинските организации, партнерските државни институции бидејќи е потребно да се охрабрат младите да го изберат најдоброто за својата иднина и да станат поинклузивни во општеството“, вели Армен Григориј.

Во Програмата на Влада 2022-2024 година иако е предвидена е поддршка во отварањето на младинските центри и локалните младински совети, со цел вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и зголемување на капацитетите на младите луѓе, сепак резултатите од истражувањето спроведено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер покажува дека дури педесет и осум проценти од младите би се иселиле од државата, а 64,8 проценти се незадоволни од своето место во државата.

ТВ21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...