9.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаИ покрај тоа што ЈЗУ Општа болница Охрид доби најголема донација од...

И покрај тоа што ЈЗУ Општа болница Охрид доби најголема донација од 6 милиони денари, директорот Асен Шајн самоволно си поснесе неотповиклива оставка !!!

spot_img

Горди сме да споделиме дека дека ЈЗУ Општа болница Охрид доби најголема донација досега, Агенцијата за катастар на недвижности Скопје донираше донација вредна шест милиони денари, изјави д-р Асен Шајн
Оваа значајна донација ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата кон пациентите.
Искрено им се заблагодаруваме на Агенцијата за катастар на недвижности, за нивната поддршка и значајниот придонес во областа на општественото здравје и заштита. Нивниот труд и посветеност се од непроценливо значење за унапредување на здравствените услуги и за добробитта на нашите сограѓани.

<


Кога бев именуван за Директор на ЈЗУ Општа Болница Охрид, наследив тешка финансиска состојба со блокирана сметка од август 2021 и бројни извршни решенија кои чекаа да бидат активирани, застој во испорака на основни медицински и други материјали, лекови, кадровски недостатоци од стручен кадар посебно во одделението за Педијатрија, со што мојата првична констатација за Болницата со која почнав да раководам беше катастрофална финансиска блокираност и општа организациона поставеност.
Со мојата максимална посветеност и ангажираност успеав со мојот тим во почетокот на февруари 2023 година сметката на Општа Болница Охрид да се одблокира што е секако една од најзначајните работи што сум ги остварил со моето раководење во Болницата. Недостатокот на стручен лекарски кадар кој се создавал наназад многу години, го решив со вработување на 55 работни позиции од кои 22 доктори за кои издејствував веднаш да отпочнат со специјализација со посебен акцент на приоритетните специјализации како педијатрија, анестезиологија, офталмологија, инфектологија итн. каде имавме најголема потреба. За повторно враќање на одделот Педијатрија во нормален тек на работа успеав да трансферирам двајца готови специјалисти Педијатри од други здравствени установи, испративме 3 доктори на специјализација уште веднаш. Со трансферирање успеавме да преземеме специјалист по Психијатрија и Неврологија од други здравствени установи. Моментално на специјализација имаме вкупно 36 доктори. Во Јуни минатата година издејствував заедно со Фондот на Здравствено осигурување на докторите на специјализација да им се исплатат заостанатите наодместоци за одвоен живот од предходни години во вкупен износ од речиси 10.000.000,00 денари.
За прв пат во Болницата неодамна по моја иницијатива беа доделени јубилејни награди на 15 вработени здравствени работници и соработници по повод 40, 30, 20 и 10 години работен стаж.
Во моето двегодишно раководење ќе останат забележани и бројните донации кои ЈЗУ Општа Болница Охрид ги доби од повеке локални бизнис фирми и од државни агенции и тоа:
-Донација комплетно ново улично осветлување на главна улица и останати со замена на штедливи светилки
-На Одделот за Уво, Нос и Грло и подигнување на дијагностиката во оториноларингологијата на највиско ниво добиваме донација на Дијагностички фибероптички назо-фаринголарингоскоп
– Се ангажирав со помош на донација да се аплицира софтверски систем за електорнско поврзување на нашата Специјалистичка биохемиска лабараторија во ЛИС системот (Лабораториски информациски систем) со кој се доби поедноставување на работниот процес, сигурност на податоци, се елиминираа грешките и прилагоди софтверот кон здравствените регулативи Мој Термин и ФЗОМ, со огромна придобивка за пациентите кои електоронски ги добиваат резултатите од направените анализи
-Благодарение на огромната донација од страна на локални општествено одговорни компании, успешно заврши реконструкцијата на покривот на објект од павиљонски тип, зграда изградена во 1962 година, што е прва значајна реконструкција со што се замени стариот со нов покрив со површина од 3000м2
– Неодамна почна со реализација комплетно реновирање на Интерно одделение, вклучувајќи осовременување на болнички соби, работни простории, кабинети, санитарните јазли за што се издвоија средства од буџетот на болницата и донација добиена од општествено одговорни компании за промена на надворешната столарија- ПВЦ дограма
– За потребите на одделот за невропсихијатрија каде е започната метода тромболиза добиена е донација, пациент монитор за следење на витални параметри кај пациенти, инфузомат и перфузомат
– На инфективно одделение кое подолг период било запоставено од раководните тимови обезбедив донација за промена на старата надворешна столарија, со нова модерна ПВЦ дограма, и со истата донација беше овозможена замена на дел од старата дограма со нова ПВЦ дограма на одделот за Радиологија
– Од страна на Агенцијата за управување со одземен имот и возила ни беше доделено патничко моторно возило.
– Беа реализирани и многу други значајни донации
Во мојата четиригодишна програма имав предвидено повеќе проекти за осовременување на работењето на болницата со приоритет за заштеда и намалување на трошоците како и воведување на нови специјалистичко дијагностички методи со набавка на нова опрема која не успеав да ја реализирам поради поднесената оставка од функцијата Директор на ЈЗУ Општа Болница – Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...