Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го прослави својот 50-ти роденден на приватна забава во кругот на семејството и најблиските пријатели.
За оваа пригода, за Заев беа изработени специјални тематски торти кои ја отсликуваат неговата пасија за моторите, вклучувајќи мотор, кацига, ракавици за возење и уникатна торта со негова лична регистрација.
Како што може да се забележи на фотографиите, музичкиот дел од вечерта бил збогатен со настапот на некогашниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Филиповиќ.