13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСвет(ВИДЕО) Се запали моторот на патнички авион додека леташе.

(ВИДЕО) Се запали моторот на патнички авион додека леташе.

Авион на филипинска компанија кој требало да полета од Лос Анџелес за Милано, принудно слетал веднаш по полетувањето поради дефект на моторот. Едно од крилата се запалило, но за среќа никој од 347 патници и 18 членови на екипажот не е повреден, изјавил портпаролот на авиокомпанијата.

Еден од патниците на Боингот 777 снимил како гори моторот на едното крило. По пријавата на дефектот, пилотите безбедно слетале, а огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите.

Поради незгодата пореметени биле и другите летови, пишуваат странските медиуми. Засега не е познато која е причината за дефектот на авионот. Портпаролот на филипинската компанија соопштил дека екипажот го забележал димот, а дека патниците веднаш биле префрлени на друг лет.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...